Мотоцикли

Мотоцикли кои се дел од EICMA 2019 – Нејкед машини

Ви ги претставуваме најновите и најдобрите нејкед мотоцикли кои беа дел од EICMA.

Следете нè на:

 

Ви ги претставуваме најновите и најдобрите нејкед мотоцикли кои беа дел од EICMA.

Ако има едно нешто кое се издвојуваше на EICMA мотошоуто, тоа се нејкед машините. Од мотоцикли со помал капацитет па се до „supercharged“ машини кои имаат повеќе од 200 коњски сили, ако сте возач кој сака моќни мотоцикли, тогаш 2020 би можела да биде многу добра година за вас. За да ви помогнеме да го одберете идеалниот мотоцикл за вас, ви преставуваме некои од најдобрите машини кои се појавија на EICMA 2019.

Kawasaki Z H2 – цена 18.500 евра

Kawasaki Z H2 txt 1 11 11

Мотоциклот кој долго време го очекувавме. Колку подолго гледате во овој мотоцикл, толку повеќе разбирате дека не станува збор само за едноставен Kawasaki H2 спортски мотоцикл. Речиси секој дел од оваа машина е беспрекорен.

Спецификации - Kawasaki Z H2

Engine: 998cc, DOHC, 16v

Power: 197hp (claimed)

Torque: 137Nm

Weight: 238kg (wet)

Ducati Streetfighter V4 – цена 20.500 евра

Ducati Streetfighter V4 txt 2

Уште една нејкед машина која многумина ја очекуваа. Како и добро познатиот 848 Streetfighter, новиот, нејкед, V4 го зема успешниот и моќниот Panigale V4 и направи одредени промени во однос на предниот дел на мотоциклот.

Спецификации - Ducati Streetfighter V4

Engine: 1,103cc V4

Power: 208hp (claimed)

Torque: 123Nm

Weight: 175kg (dry)

Kawasaki Z900 – цена 10.500 евра

Kawasaki Z900 txt 3

За сезоната 2020, Z900 доби неколку режими на возење, контрола на тракцијата, LED светла како и нов дизајн. Мотоциклот е достапен во две верзии, „ Full Power ' кој има 124 коњски сили и A2 верзија која има 94 коњски сили.

Спецификации - Kawasaki Z900

Engine: 948cc, DOHC, 16v

Power: 124hp (claimed)

Torque: TBC

Weight: 212kg (wet)

MV Agusta Rush 1000

https://www.youtube.com/watch?time_continue=100&v=SyXkDbmCZC4&feature=emb_logo

Еден од мотоциклите кој не изненади на шоуто беше MV Agusta Rush 1000. Машината која се базира на Brutale 1000 RR,, овој мотоцикл има 208 коњски сили а со мали подесувања на моторот и издувот, моќноста може да се зголеми за 4 коњски сили.

Спецификации - MV Agusta Rush 1000

Engine: 998cc, DOHC, 16v

Power: 208hp (claimed)

Torque: 117Nm

Weight: 183.7kg (dry)

Triumph Thruxton RS – цена 15 000 евра

Triumph Thruxton RS txt 4

Овој мотоцикл на Triumph доби зголемување на моќноста за 8 коњски сили, Öhlins суспензија, Showa вилушки како и сопирачки од Brembo. RS исто така доби и нова боја.

Спецификации - Triumph Thruxton RS

Engine: 1200cc, 270° crank, parallel twin

Power: 104hp (claimed)

Torque: 112Nm

Weight: 197kg (dry)

KTM 890 Duke

За разлика од претходната верзија, новиот мотоцикл на КТМ кој има моторт со зафатнина 890cc доби поголема моќност и сега ќе има 119 коњски сили. KTM 890 Duke R исто така има и помала тежина која сега изнесува 166 килограми.

Спецификации - KTM 890 Duke

Engine: 890cc, parallel twin

Power: 119hp (claimed)

Torque: 99Nm

Weight: 166kg (dry)

KTM 1290 Super Duke R

KTM 1290 Super Duke R txt 5

Овој мотоцијкл, за кој КТМ вели дека е вистински ѕвер, доби подобрувања за сезоната 2020. Меѓу нив се помалата тежина но и поголема моќност во однос на актуелната верзија. Новиот мотор се уште има 1,301cc но направени се големи промени за да може да обезбеди 180 коњски сили.

Спецификации - KTM 1290 Super Duke R

Engine: 1,301cc, V-twin

Power: 180hp (claimed)

Torque: 140Nm

Weight: 189kg (dry)

Harley-Davidson Bronx

Harley Davidson Bronx txt 6

Ова е една од првите машини од ‘More Roads to Harley-Davidson’ програмата на компанијата. Моделот Bronx има 975cc Revolution Max мотор кој би требало да обезбеди 115 коњски сили. Прилично добро од страна на H-D!

Спецификации - Harley-Davidson Bronx

Engine: 975cc, V-twin

Power: 115hp (claimed)

Torque: TBC

Weight: TBC

CF Moto 700 CL-X

CF Moto 700 CL X txt 7

CF Moto преставија три нови машини на EICMA. Сите се базираат на ист мотор и рамка. CL-X е машина која има 700cc parallel twin мотор и е достапен во неколку варијанти: Sport, Heritage и Adventure.

Спецификации - CF Moto 700 CL-X

Engine: 692cc, parallel twin

Power: 73hp (approx)

Torque: 67Nm

Weight: TBC

Kawasaki Z650 – цена 7500 евра

Kawasaki Z650 txt 8

Kawasaki Z650 има поостар изглед, TFT екран како и мотор кој е во согласност со Еуро 5 стандардите. Најголема промена која може лесно да се забележи се наоѓа на предниот дел на мотоциклот кој е инспириран од Z H2 и кој има LED светла. Новата TFT табла ви овозможува да го приклучите вашиот телефон.

Спецификации - Kawasaki Z650

Engine: 649cc, parallel twin

Power: TBC

Torque: 66Nm

Weight: TBC

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.