Honda  ја поднови линијата CRF за сезоната 2019 со две нови машини. Меѓу нив се улична верзија на познатиот CRF450 како и RX, крос-кантри верзија на CRF250.

Моделот CRF450 ќе користи подобрена верзија на CRF450R како основа, а додадени му се LED светла, поголем резервоар и странични држачи.

Овој модел исто така ќе можете да го користите подолго пред да го однесете на редовен сервис. Првиот е закажан откако ќе поминете 32 илјади километри. За жал, моќноста на моделот е намалена и тој има само 24.6 коњски сили.

CRF450L 01

А со цел да биде идеална крос-кантри машина, моделот CRX250RX има 18 инчно предно тркало, резервоар кој собира 8.5 литри и помека суспензија во споредба со мотокрос верзијата.

CRF450L 02

Веќе постоечките модели, CRF450RX и R, исто така ќе добијат подобрување, пред се во однос на моќноста и бројот на вртежи. Покрај ова, верзијата R ќе има помала тежина за речиси еден килограм во споредба со претходниот модел. Подобрувањето на бројот на вртежи кај моделите CRF250 доаѓа преку ревизија на гаста, влезните и издувните профили.

Back To Top