Мотоцикли

Наскоро ќе имаме нов Triumph Rocket?

Triumph има навистина добри мотоцикли. Но, мораме да признаеме дека само неколкумина од нив навистина се издвојуваат. На пример Rocket III, кој беше еден од најдобрите мотоцикли кога за прв пат се појави во 2004 година. Можеби беше малку тежок и развиваше 145кс, но „ѕверот“ едноставно беше мотор кој привлекува внимание на улица.

Следете нè на:

 

Морам да признаам дека бев малку разочаран кога дознав дека компанијата планира да го запре неговото производство бидејќи тој не беше во согласност со се построгите закони за емисија на штетни гасови. И неговата продажба во САД, каде што под 'Power Cruiser' се подразбира Harley кој има 70кс, не беше нешто посебно добра. Но дали компанијата навистина планира целосно да се откаже од овој модел, а негова замена да бидат некои ретро мотоцикли?

За среќа, одговорот се чини дека е не бидејќи на интернет се појавија фотографии од нова верзија. Не можеме да потврдиме дали овие фотографии се оригинални но можеме да кажеме дека барем концептот се уште постои. А плус има и видео.

triumph rocket 2

Што можеме да очекуваме од новиот Rocket III?  На концептот има единечна задна вилушка, нешто што е ново, USD предна вилушка и округли светла. На мотоциклот има доволно простор што ни сугерира дека ќе има и интересна шасија. Тој ќе биде во согласност со Euro4 стандардот, а исто така ќе има и нови додатоци кои помагаат при возењето, контрола на тракцијата, неколку режими на возење, контрола на движењето и уште многу други работи.

Во последно време, компанијата е навистина непредвидлива во однос на ваквите известувања, па затоа не треба да се изненадите доколку слушнете дека следната недела ќе има презентација на нов Rocket модел. Наскоро ќе се обидеме да дознаеме повеќе информации.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.