Со цена од 100 000 евра, LM 410 е најновата креација на екстремни машини кои ни доаѓаат од Лазарет.

Овој чуден мотоцикл со четири тркала кој го гледате пред вас е LM 410, најновиот производ на францускиот креатор Лудовик Лазарет. Машината покрај тоа што има четири тркала, опремена е и со 998cc Yamaha R1 мотор.

Со цена од 100 000 евра, LM 410 е најновата креација на екстремни машини кои ни доаѓаат од Лазарет. Претходната машина имаше 470bhp Maserati V8 автомобилски мотор и беше сензација за времe на мото шоуто во Женева во 2016-та година.

Неколку факти за LM 410

  • Механизам со 4 тркала кои се навалуваат
  • Мотор од Yamaha R1
  • Лимитирана серија од само 10 мотоцикли
  • Цена од €100,000

А со оглед на тоа дека речиси и да нема шанси да биде дозволено мотоциклот да се вози на улица, од компанијата одлучија да креираат послаба верзија од која ќе бидат произведени само 10 примероци.

lm410 3 1600x1200R

Лазарет вели: „LM 410 ги има карактеристиките на LM 847 но е многу поконвенционален. Дизајниран е да биде полесен, полесно да се управува и да биде достапен за што е можно повеќе луѓе.“

Таинствениопт французин засега не сака да открие повеќе технички информации за мотоциклот. Но од она што можеме да го видиме, LM 410 е значително полесен од верзијата која беше опремена со мотор на Maserati.

Овој мотоцикл исто така има и механизам кој е идентичен со оној кој може да се најде кај LM 847 и кој овозможува тркалата постојано да имаат контакт со површината, дури и кога мотоциклот е навален.

Единствен детал кој ни е познат во моментов е цената на оваа машина и која изнесува околу 100 000 евра. А ако ова не е доволно екстремно за вас, што велите за другиот проект на Лазарет - LMV 496, машина која со помош на ротирачки, џет мотори, ќе се трансформира во летало!

Back To Top