За време на „Motorcycle Live“ кој се оддржа минатиот викенд,  Norton го претстави својот нов спортски мотоцикл кој се базира на познатиот V4 супербајк.

Наречен Superlight, овој нов мотоцикл има слични линии како и супербајк моделот. Покрај ова, тој е опремен и со 650cc parallel twin мотор кој има 55.3ft-lb број на вртежи како и 150 коњски сили. Ова е потпомогнато со вклучување на тракцијата, контролата за старт како и IMU со шест оски. Исто така ќе има и три режими на возење: Road, Sport и Pro како и „quick-shifter“ за беспрекорно менување на брзините. Сите потребни информации ќе ви бидат прикажани на 7 инчниот HD дисплеј.

superlight 1

Овој мотоцикл има прилагодливи вилушки на чиишто краеви се наоѓа Ohlins суспензијата како и 17 инчни BST, карбонски тркала.  Амортизерот на Ohlins исто така спречува и тресење на мотоциклот при забрзување.

Овој мотоцикл, кој има тежина од 158 килограми, исто така има и двојни 330mm Brembo дискови напред како и Brembo M50 радијални клипови и ABS. Целиот пакет е обвиткан во аеродинамичен оклоп а под седиштето се наоѓа 18 литарскиот резервоар.

superlight 2

Како додаток можете да вметнете и целосен титаниумски издув. Со него заштедувате 6 килограми а се додаваат дополнителни 6bhp моќност.  Сепак, овој мотоцикл не е за возење на улица. Од Norton велат дека тој ќе биде дел од Isle of Man TT и ќе се натпреварува во лесната класа.

Back To Top