Знаете дека се приближува сезоната на нови мотоцикли бидејќи се повеќе дознаваме кои модели ќе бидат прикажани на мото саемите како што се INTERMOT и EICMA.

Знаете дека се приближува сезоната на нови мотоцикли бидејќи се повеќе дознаваме кои модели ќе бидат прикажани на мото саемите како што се INTERMOT и EICMA.

Веќе видовме како ќе изгледаат 2017 Honda CBR1000RR и 2017 BMW S1000R, а ако вработените во Италијанското списание „Motociclismo“ се во право, ова што следува е концептот за новиот, четири цилиндричен, 2017 MV Agusta Brutale.

MV Agusta Brutale concept

Новиот Brutale е еден од двата нови мотоцикли кои MV Agusta планира да ги претстави на EICMA. Другиот модел е специјална едиција која има три цилиндричен мотор.

Да бидеме искрени, не очекуваме нешто премногу лудо од MV Agusta за сезоната 2017, бидејќи Италијанската компанија се уште има проблем со финансиите. Она што го знаеме е дека MV Agusta планира да се посвети на линијата Brutale, а првите промени ќе бидат на четири цилиндричната машина бидејќи моделот со три цилиндри се уште е нов.

Ќе биде интересно да видиме со какви измени ќе се појави MV Agusta на EICMA каде што ќе можеме да очекуваме два нови модели. Едниот од нив секако ќе биде новиот Brutale. Очекуваме дека мотоциклот ќе го користи актуелниот F4 супербајк мотор.

Исто така можеме да очекуваме и дека моќноста на новиот модел да биде слична со останатите модели од неговата категорија.  Исто така очекуваме MV Agusta да го вметне и MVICS електронскиот пакет како и полу активната електронска суспензија.

И на моделот MV Agusta F4 му е потребна промена, но од она што успеавме да го дознаеме, за тоа ќе треба да почекаме уште некој период.

Другиот модел на MV Agusta што ќе се појави на EICMA е три цилиндричната, специјална едиција.  Се уште не е познато дали тој се базира на F3, Brutale, Dragster или Turismo Veloce. 

Back To Top