Најавени се две нови верзии на препознатливиот Rocket 3 за 2013 година, многу помоќни од претходните верзии.

68210 10151321008450330 548996739 n

Најавени се две нови верзии на препознатливиот Rocket 3 за 2013 година, многу помоќни од претходните верзии.

Triumph ја најави новата верзија од нивниот Rocket III мотор наменет за Roadster and Touring.  Двете варијанти имат прилично големи промени.  Највпечатливо е тоа што нивните претходници имаа електронско ограничување на првите три брзини за да се спречи „плашење на возачот“. Тоа повеќе го нема кај Roadster.

Благодарение на новиот систем за вбризгување на гориво и на ECU, 2.3 литарскиот три цилиндричниот Rocket 3 мотор сега нема никакво ограничување во однос на брзината. Моторот е способен да произведе 146кс при 221њутн метри на сила.

The Roadster е обоен црно за да има поагресивен изглед.  Верзијата од 2013 година вклучува стандардни ABS кочници и малку поисправена позиција за седење. Сега е достапен во две нови бои – металик црна со две црвени линии на средина и валкано црна со две бели линии на средина.

Туринг верзијата за 2013 има ист мотор како и Roadster, но има нешто помал број на вртежи во споредба со Roadster, само 203 Nm (сеуште помалку ограничена во споредба со претходната верзија). За да се одржи неговата туринг намена, овој нов мотор има сребрени странични цевки, потпирач за сопатник и седиште со двојна облога од пена.

Како и претходно, тој ги има стандардни 36 литарски торби. Сето ова се прави со цел моќниот Triumph 3 да биде што е можно покомотен кога се вози на долги дистанци. Touring верзијата исто така е достапна во две бои- црно црвен со една линија и црн со две златни линии.

Triumph Rocket 3 2013 ќе биде достапен во Европа веќе од март со препорачана цена од 14.000 евра за Roadster верзијата и 15.000 евра за Touring верзијата.

Back To Top