На интернет се појавија нови фотографи и видео од Ducati Superleggera V4.

Само неколку часа после објавата на текстот за Ducati Superleggera V4, на интернет се појавија нови фотографи и видео од машината. И тоа е одлично бидејќи ние навистина сакаме да видиме повеќе од овој неверојатен мотоцикл.

ducati 2020

Наскоро се очекува компанијата да ја објави и цената на овој мотоцикл, кој најверојатно ќе чини околу 100 000 долари. Машината ќе биде произведена во само 500 примероци, ќе има шасија изработена од јаглеродни влакна, 152 килограми, 234 коњски сили како и издув од Акраповиќ. Доколку сте вистински љубител на мотоцикли, тогаш овие бројки ќе ве заинтересираат.

Ова ќе биде еден навистина неверојатен мотоцикл, кој ќе можете слободно да го возите по улица, а исто така ќе биде во согласност и со Euro 5 стандардот.

Back To Top