Постојано слушаме нови информации за Honda CBR1000RR.

Постојано слушаме нови информации за Honda CBR1000RR. А сега се чини дека конечно ќе видиме ново поглавје кај Fireblade приказната откако се појавија шпекулации дека во 2020 година ќе видиме нов супербајк модел од компанијата.

Оваа информација веќе долго време кружи меѓу луѓето кои се дел од WSBK серијата, FIM Endurance шампионатот како и уште во неколку други помали домашни шампионати. Информацијата е поткрепена и со големиот број на патенти кои можат да се најдат за овој модел низ светот.

Денеска откривме уште еден нов патент и мораме да признаеме дека е навистина интересен. Тој содржи активна аеродинамика.

На скицата можеме да видиме дека Honda го зема дизајнот за аеродинамичните крилца кои се дел од MotoGP и прави одредени промени. Се верува дека 2020 Honda Fireblade ќе има сет од четири аеродинамични додатоци кои ќе бидат поврзани со компјутер.

2020 Honda CBR1000RR active aerodynamics txt 1 11 09

2020 Honda CBR1000RR active aerodynamics txt 2 11 09

Ова ќе и озовможи на новата Honda CBR1000RR да ја подобри стабилноста при нагло сопирање. Кога аеродинамичните додатоци нема да се употребуваат, мотоциклот ќе има исто така голема моќност и брзина. Вакво нешто планира и Aprilia кај концептот RS660.

Остатокот од машината е многу сличен на Honda RC213V MotoGP тркачкиот мотоцикл. Исто како и кај него, и кај овој мотоцикл предното светло е скриено. На сликите можеме да го видиме и inline-four моторот. Ова ги отфрла гласините за V4 супербајк модел.

Од патентот може да се види и дека со овој мотоцикл ќе можете легално да возите низ улиците на вашиот град. На сликата може да се види делот наменет за регистарските таблици, ретровизорот, предните светла како и трепкачите.

Она што е најинтересно е тоа дека според правилата на WorldSBK, аеродинамиката кај тркачкиот мотоцикл мора да биде иста со онаа која ја има кај продукцискиот модел.

Тоа што планира да ја воведе активната аеродинамика кај следната генерација на супербајк модели ќе и овозможи на Honda да се стекне со значителна предност во пресрет на  следната сезона од WorldSBK шампионатот. Веќе има шпекулации дека тимот планира да потпише договор со Алваро Баутиста.

Се верува дека оваа сезона Јапонскиот бренд е посветен на развојот и дека ја подготвува следната машина со кој ќе се обиде да дојде до титулата.

Back To Top