Откако го претставија дуал-концептот за време на мото шоуто во Милано во 2017 година, Moto Guzzi воопшто не трошеа време и го претворија овој концепт во реалност.

Според неодамна откриените скици за патент кои беа поднесени од страна на компанијата Piaggio, се чини дека наскоро ќе се појави на пазарот и производствената верзија на V85 и ќе изгледа многу слично на концептот кој го видовме во 2017 година.

V85 image1 770x433

Иако она што прво ни доаѓа на памет кога зборуваме за Moto Guzzi се моделите кои имаат класичен изглед, ова не е прв обид на компанијата да влезе на пазарот за авантуристички мотоцикли. Минатата година фирмата престана со производство на Stelvio 1200 NTX и тоа отвори простор во одделот за авантуристички мотоцикли на Guzzi кој требаше да се пополни. Тука доаѓа V85. Новиот модел има подобар изглед во споредба со Stelvio и помалку потсетува на мотоциклите кои се дел од релито Париз- Дакар. Ова е стил кој во компанијата го нарекуваат Classic Enduro.

Рамката е целосно нова и користи челични цевки за да се обезбеди дополнителна ригидност. Моќноста на мотоциклот се обезбедува преку 850cc, трансверзален v-twin моторот кој има 80 коњски сили. Тој е опремен и со DRL LED светла и дигитални инструменти.

053018 moto guzzi v85 production model 4 770x433

Се што има овој мотоцикл страшно многу не потсетува на патување и авантура. Од компанијата велат дека мотоциклот е одличен за возење како на автопат така и оф роуд.

Засега не е познато кога тој ќе се најде на пазарот и која ќе биде неговата цена.

Back To Top