Наскоро пристигнува новиот модел на популарниот скутер од Хонда со ознаката SH, овојпат наречен SH125 Mode.

honda-sh125-scoopy-mode-09

Наскоро пристигнува новиот модел на популарниот скутер од Хонда со ознаката SH, овојпат наречен SH125 Mode.

Првиот скутер кој ја носеше ознаката SH беше претставен во далечната 1984 година, и во тоа време имаше зафатнина од 50cm3. Се покажа како исклучително издржлив и корисен скутер, па така од тогаш до денеска SH семејството се избори за голем статус во Хонда фамилијата благодарение на повеќе од 1 милион продадени примероци.

SH стана бренд во големиот бренд, а како позначајни години во развојот се издвојува 2001 година кога беше претставен првиот четворотактен SH125, потоа следуваше моделот со „PGM-FI“ вбризгување на гориво во 2005-та година, и секако 2013 година кога беше претставен комплетно новиот модел. Почнувајќи од рамот, преку новата технологија за заштеда на гориво, па дури и просторот под седиштето беше зголемен за да собере целосна кацига.

Оваа година семејството на SH се прошира за уште еден член, тоа е новиот SH 125 Mode.

honda-sh125-scoopy-mode-02

Се карактеризира со исправена положба на седење, ниско седиште, одлични возни перформанси, и изглед кој привлекува погледи кога е паркиран, но и кога го возите.

Скутерот доаѓа со CBS системот за кочење како стандардна опрема, додека пак самиот агрегат е оптимизиран за поаѓање така што добивате одличен старт, а намалена потрошувачка. Моторот со зафатнина од 125cm3 развива 11кс кои се и повеќе од доволни за возбудливи но економично возење.

Го споменавме економичното возење неколку пати, па да видиме како изгледа тоа изразено низ бројки. Резервоарот е со зафатнина од 5,5 литри, а со полн резервоар можете да поминете приближно 275км. Или поинаку кажано, со вклучен „Idling Stop“ систем, просечната потрошувачката на скутерот е 2 литри на 100км!

Четворотактниот агрегат со водено ладење ја постигнува малата потрошувачка благодарение на eSP (enhanced Smart Power) технологијата која се грижи за максимални перформанси со минимална потрошувачка. Секако тука е и „Idling Stop“ модот кој го гаси автоматски скутерот на секое застанување што помага за неверојатно ниската потрошувачка.

honda-sh125-scoopy-mode-20

Увозникот на Хонда за Македонија, Макпетрол, најави дека наскоро ќе пристигне новиот модел во нивниот салон и дека ќе биде достапен за цена од 2790 евра. Со нетрпение го очекуваме овој убавец бидејќи ќе имаме прилика да направиме и тест возење па потоа да ви ги пренесеме впечатоците од прва рака.

Back To Top