На саемот за мотори кој се одржува во САД Јамаха го претстави својот нов модел Yamaha YZF-R3, со кој влегува во сегментот на веќе познатите Kawasaki Ninja 300R, Honda CBR 300 и KTM RC390.

2015-Yamaha-YZF-R320-EU-Race-Blu-Studio-001

На саемот за мотори кој се одржува во САД Јамаха го претстави својот нов модел Yamaha YZF-R3, со кој влегува во сегментот на веќе познатите Kawasaki Ninja 300R, Honda CBR 300 и KTM RC390.

Новиот модел е базиран на претходникот Yamaha R25, но кај новиот модел агрегатот е со зафатнина од 320цц и развива 42кс. Новата Јамаха ќе биде достапна на пазарот најпрво во Северна Америка, а потоа и во Европа и Азија од почетокот на 2015 година.

За разлика од R25 кој беше претставен во Индонезија во Јули, според инженерите од Јамаха, R3 ќе има полесна шасија и заедно со поголемиот мотор ќе биде добитна комбинација. Наменет пред се кон помладите возачи, изгледот на новиот модел е во согласност со неговата спортска намена. Секако не се исклучува и употребата на овој модел од поискусни возачи за секојдневно возење.

За цената на нашиот пазар ќе ве информираме по завршувањето на саемот EICMA во Милано кој ќе се одржи во ноември каде ќе биде презентирана Европската верзија на моделот.

Back To Top