Не би ја нарекол најлошо чуваната тајна во мото индустријата во моментов, но фактот дека BMW ќе го претстави на пазарот новиот S1000RR како модел за сезоната 2019, не е некоја нова информација.

Всушност, мислевме дека мотоциклот ќе го видиме уште минатата сезоната откако се појавија фотографии од него, а според кои можеше да се забележи дека мотоциклот е подготвен за производство. Но,откако не се појави на мото шоуто EICMA,  временскиот период кога требаше да го очекуваме мотоциклот се промени.

2018 bmw s1000rr

Сега ја добивме потврдата која што и ја очекувавме. Шефот на Althea Racing, Џенесио Бевилаквиа потврди дека новиот BMW S1000RR ќе се најде на пазарот во сезоната 2019. Во интервју за GPOne, Бевилаквиа изјави дека мотоциклот ќе се појави во истиот период кога почнува и Светскиот Супербајк шампионат. Ова го става под прашање продолжувањето на користењето на тркачката платформа на BMW S1000RR од страна на Althea Racing.  

Изграден врз основа на актуелниот дизајн, се уште нема многу детали за BMW S1000RR 2019. Се што можеме да дознаеме е од гледањето на неколкуте фотографии кои се појавија од него.

Но нашите извори ни открија една интересна информација. 2019 BMW S1000RR ќе користи „counter-rotating crankshaft“, што го прави еден од неколкуте спортски мотоцикли кои имаат тркачка конфигурација на моторот. Ова би требало да го направи мотоциклот побрз, бидејќи се неутрализира инерцијата која ја прават тркалата, ланецот и другите подвижни делови. Други додатоци кои можеме да ги очекуваме се пософистицирана електроника како и дополнителна моќност која доаѓа од 999cc inline-four моторот.

Најверојатно нема да дознаеме повеќе информации се до оддржувањето на INTERMOT шоуто кое е закажано за во октомври или пак за времена EICMA мото шоуто кое се оддржува во Ноември. Ние ќе ги посетиме двата саеми оваа година, но доколку дознаеме нешто ново порано, веднаш ќе ве известиме.

Back To Top