Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Добро погледнете, ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.  Како и кај повеќето вакви мотоцикли, и Kawasaki Ninja ZX-10RR е навистина специјална машина а на фотографиите ќе можете да ги видите сите интересни модификации кои беа направени. За нас највпечатливи се тркалата и сопирачките , но интересни работи има на речиси секој дел од мотоциклот.

Посебно импресивни се сопирачките од Brembo кои имаат потенки дискови како и фенови кои служат за ладење. Мотоциклите кои се дел од оваа трка се опремени со голем број на додатоци кои се уште се прототипи. Кај мотоциклот на Kawasaki можеме да видиме дека деловите од суспензијата на Showa се напред и на центар. Треба да се напомене и тоа дека KRT има делови од Showa и на мотоциклот кој е дел од WorldSBK.

Kawasaki Ninja ZX 10RR Suzuka 8 Hours 15

Кај рачките, започнувајќи од лево, прво ги имаме копчињата за контрола на тракцијата, моторно сопирање, ограничување на брзината, стартерот и светлата.

Секако, за да победите на Suzuka потребни ви се и пневматици од Bridgestone  а кај овој мотоцикл исто така е модификуван и резервоарот за гориво.

Ако подетално ја анализирате трката ќе забележите дека победата на Kawasaki се должи на брзината со која тимот работеше во гаражата.Промените беа направени значително побрзо отколку во Yamaha.

ZX-10RR е само вториот мотоцикл на компанијата кој успеал да победи на оваа престижна трка.

Back To Top