Долгоочекуваниот Aprilia RS660 ќе го има своето деби на EICMA 2019 мото шоуто кое ќе се оддржи во Милано.

Официјално е потврдено дека долгоочекуваната продукциска верзија на Aprilia RS660 ќе го има своето деби на EICMA мото шоуто кое ќе се оддржи на 5-ти ноември во Милано. Минатата година, концепт верзијата на оваа машина беше една од главните атракции на настанот. Во следниот период, компанијата која доаѓа од Ноале не откриваше многу работи, за разлика од Ducati, и само објави неколку фотографии навестувајќи дека Aprilia RS660 е во финална фаза од производството.

Но сега, една година откако за прв пат беше преставен Aprilia RS660, конечно можеме да ги видиме и спецификациите на оваа машина.

Aprilia Concept RS660 Supoersports Image

Што можеме да очекуваме од 2020 Aprilia RS660 ?

Според сликите од патентот, Aprilia го задржа спортскиот имиџ кој е инспириран од познатата RSV4 супербајк линија. Изминативе 12 месеци компанијата ги помина во подобрување на моторот со цел да ја задржи репутацијата. Опремен со 660cc parallel twin мотор кој доаѓа од RSV4, оваа машина има за цел да им се спротистави на Kawasaki ZX-6R, MV Agusta F3 и Yamaha R6.

Можно е мотоциклот да биде достапен и за трки, особено сега кога победничкиот мотоцикл од WorldSBK, RSV4 веќе не е толку популарен меѓу тимовите.

EICMA 2019 започнува на 5-ти ноември а во првите два дена ќе се одржат серија на пресконференции. За пошироката публика настанот почнува на 7-ми ноември.

Back To Top