Како што предвидовме, се чини дека нема да чекаме премногу долго за да ја видиме продукциската верзија на Aprilia RS 660 спортскиот мотоцикл. На Фејсбук веќе се појавија фотографии каде што може да се види дека веќе е започнато со тестирањето на машината.

На сликите можат да се забележат два мотоцикли, едниот наменет за улица, а другиот за тркачка патека. Aprilia RS 660 изгледа како да е подготвена за сериско производство и можеме да очекуваме да дебитира на EICMA следната година. Мотоциклот најверојатно ќе биде претставен како модел за сезоната 2020.

Како што веќе знаеме од концептот, Aprilia RS 660 спотскиот мотоцикл има parallel-twin мотор кој се базира на V4 кој пак може да се најде кај RSV4 супербајк.

Во однос на моќноста, можеме да очекуваме моделот да има над 130 коњски сили што би го направила навистина моќна машина. А токму тоа е и целата поента.

Aprilia RS 660 spy photo 01

Креиран да биде лесен мотцикл кој има високи перформанси, Aprilia RS 660 сигурно ќе привлече големо внимание во „supertwin“ категоријата во која во моментов доминираат мотоциклите како што е Kawasaki Ninja 650.

Се надеваме дека Aprilia ќе го остави овој мотоцикл под 650cc за да можеме да го гледаме на трки како што е Lightweight TT класата која е дел од Isle of Man TT.

Одличен потег би било и додавањето на добрата APRC електроника. Ова е навистина изводливо со оглед на тоа дека овие напредни помагала оригинално беа креирани за RSV4 платформата која е многу блиска со RS 660.

Aprilia RS 660 spy photo 02

Секако, цената на мотоциклот ќе биде главниот дел. Kawasaki Ninja 650 се продава по цена од 7400 евра што значи дека Aprilia RS 660 максимално би можела да достигне до 10 000 евра.

Правејќи ја оваа машина да биде платформа би ги намалила трошоците на голем број на проекти. Но, треба да се знае и дека Piaggio во последно време е многу агресивен со своите цени, нешто што можевме да го видиме кај Moto Guzzi V85 TT.

Дали и Aprilia RS 660 ќе го направи истото? Само времето ќе покаже, а ние имаме уште 11 месеци за да дознаеме. Или пак можеби тоа ќе се случи порано?

Back To Top