Aprilia RSV4 оваа година прославува 10 години но и покрај целиот тој период, V4 супербајк останува една од најдобрите машини.

Дел од тоа се должи на фактот дека RSV4 е врвно направен мотоцикл. Покрај тоа, тој е првиот супербајк кој користи IMU во комбинација со контрола на тракцијата, а плус е и еден од првите мотоцикли кој имаше „ride-by-wire“.

Другиот дел на кој се должи доминацијата на Априлија е тоа дека Италијанската компанија секои две години го подобрува RSV4. А сега, ако веруваме на гласините, промени ќе има и кај моделот за сезоната 2019.

aprilia rsv4 factory engine motor cutaway

Според информациите кои ги пренесе GPOne, Aprilia RSV4 ќе доживее значителни промени во 2019 година, а дури би можело и да се смета за комплетно нов модел. Се верува дека моделот ќе има поголема моќност, нешто помеѓу 215 и 220 коњски сили. За да го постигнат ова, Aprilia искористила стратегија која доаѓа директно од нивните ривали Ducati, а најверојатно ќе има и два мотори.

Едниот ќе биде исклучиво наменет за трки и ќе остане во опсегот од 1,000cc. Другиот мотор пак ќе има зголемување кое сега ќе изнесува 1,100cc, нешто слично како и кај актуелниот Tuono V4.

А со новите спецификации доаѓа и новата шасија. Иако се базира на актуелниот алуминиумски дизајн, се верува дека новата шасија ќе биде поцврста за да може да го издржи зголемувањето на моќноста. Исто така се очекува и намалување на тежината за околу 4.5 килограми.

Нашите извори наведуваат дека Aprilia планира во следните години да воведе неколку аеродинамични делови кај RSV4. Според извештаите на GPOne, моделот би можел да се најде на пазарот најрано кон средината на 2019 година, а ќе имаме прилика да го видиме на саемот за мотори ЕИЦМА во Милано оваа година.

Back To Top