Кога станува збор за мотоцикли кои имаат голем број на фанови, Kawasaki KLR650 сигурно се наоѓа на врвот.

Овој квалитетен „dual-sport“ ги освои срцата на голем број на лица кои сакаат авантуристичко возење. Можете да претпоставите какви беа реакциите меѓу возачите кога се појавија гласини дека KLR650 повеќе нема да се произведува, особено сега со Euro 5 правилата.

Кај лојалните фанови оваа информација предизвика голема вознемиреност. Но нема причина за загриженост. Kawasaki KLR650 продолжува и понатаму а оваа машина повторно ќе дебитира, овој пат како модел за сезоната 2022. Ќе има неколку подобрувања и променет дизајн.

Најочигледната промена е преминот кон „fuel injected“ мотор, или попрецизно, станува збор за истиот мотор кој сега користи „fuel injection“ наместо „carburetion“. Од компанијата велат дека поради тоа, 652cc едно цилиндричниот мотор сега има подобра потрошувачка и е многу поиздржлив. Исто така, тој сега е полесен за палење на ладни услови и на поголеми височини.

Меѓу останатите промени е редизајнираниот резервоар за гориво, кој сега е поголем а има и нов дигитален екран. Направени се и неколку промени на шасијата со цел да има што е можно помали вибрации.

2022 Kawasaki KLR650 08

Промени има и кај квачилото и трансмисијата. Мотоциклот има и поголем генератор за стуја со цел послесно да се напојуваат сите надворешни додатоци. Има и нова задна подрамка која ја зголемува ригидноста како и подолга задна вилушка (+30mm).

2022 Kawasaki KLR650 претрпи промени и во однос на надворешниот изглед и тој сега има LED предни светла.

Подобрувања има и кај сопирачките каде сега се додадени поголеми дискови. За дополнителни 300 долари на располагање ви стои и опцијата за ABS сопирачки.

Според производителот, препорачаната цена за 2022 Kawasaki KLR650 почнува од 5500 евра. Секако, Kawasaki ви нуди и голем избор на дополнителни делови кои можете да ги додадете на оваа култна „dual-sport“ машина.

Back To Top