Damon престави две нови верзии на нивниот Hypersport модел. Машините имаат послаби перформанси но и нивната цена е помала.

Препорачаната цена за Hypersport HS ќе изнесува 20.000 евра. Според информациите, оваа машина има 200bhp, може да помине 200 милји и има максимална брзина од 321 км/ч. Исто така има и Премиер верзија која чини 33.500 евра и која има единечна вилушка, Öhlins суспензија и Brembo сопирачкии.

damon hypersport 2

Колку само за споредба, Hypersport SX, кој има најслаби перформанси чини околу 17.000 евра. Тој има 150bhp, опсег од 150 милји и максимална брзина од 249 км/ч.

Препорачана цена за Hypersport SE изнесува 14.000 евра. Има 100bhp, опсег од 108 милји и максимална брзина од 193 км/ч.

Меѓу моделите има голема разлика и во однос на полнењето. На SE верзијата и требаат 20 минути за да наполни 80% од батеријата. Кај SX се потребни 30 минути додека пак кај основната верзија тоа време изнесува 45 минути.

damon hypersport 3

Сите модели го содржат „Copilot“ системот кој користи камери кои имаат опсег од 360 степени и кои го предупредуваат возачот доколку постои некаква опасност. „Shift“ системот пак овозможува рачките и држачите за нозе електронски да се прилагодуваат во зависност од позицијата на возење.

Back To Top