Honda има постигнато значителен напредок во однос на понудата на супербајк мотоцили за сезоната 2017, а Honda CBR1000RR SP е еден од тие модели.

Honda има постигнато значителен напредок во однос на понудата на супербајк мотоцили за сезоната 2017, а Honda CBR1000RR SP е еден од тие модели.

Неговата моќност е зголемена за 10 коњски сили, а тежината му е намалена за 15 килограми. Покрај тоа, тој има и контрола на тракцијата, полу активна суспензија и ABS сопирачки. Во однос на настапите на тркачката патека, Honda CBR1000RR SP2 ќе им помогне на тимовите во однос на затегнатите правила за хомологација.

2017 Honda CBR1000RR SP Fireblade 35

Еден од возачите кои ќе имаат корист од ова е Ники Хејдн. Американскиот возач потпиша дво годишен договор со Honda поради ветувањето што го доби дека на располагање ќе има подобрена верзија од моделот Fireblade.

На видеото што можете да го видите подолу, Хејдн го пробува Honda CBR1000RR SP 2017 на патеката во Валенсија.

Back To Top