Мотоцикли

Повторно е креиран BMW R7

BMW R7, концептот кој прв пат беше направен од баварската компанија во 1934 година но кој никогаш не се најде во производство, повторно е креиран од страна на Американската компанија NMoto.

Следете нè на:

BMW R7, концептот кој прв пат беше направен од баварската компанија во 1934 година но кој никогаш не се најде во производство, повторно е креиран од страна на Американската компанија NMoto.

BMW R7, концептот кој прв пат беше направен од баварската компанија во 1934 година но кој никогаш не се најде во производство, повторно е креиран од страна на Американската компанија NMoto. Базиран врз основа на R nine T, ‘Nostaligia’ ни доаѓа во Европа и ќе биде достапен по цена од 30,000 фунти.

R7 беше создаден за светот да може да ги види способностите на Германските инжинери. Идејата беше да се креира врвен супербајк модел па затоа дизајнерите обрнаа посебно внимание на аеродинамиката, цилиндрите беа кренати повисоко а мотоциклот имаше и нови телескопски вилушки – прво вакво нешто кај мотоциклите.

NMoto BMW concept txt 1 09 05

Но мотоциклот никогаш не ја виде светлината на денот и набрзо беше растурен и сокриен се до 2005 година кога инжинерите на BMW одлучија повторно да го создадат. Веќе во 2007 година тој се најде во музејот на компанијата.

Со ‘Nostalgia’, NMoto се обиде да создаде мотоцикл кој ќе ја има истата убавина како оригиналната верзија но со перформанси на модерен мотоцикл. Како основа беше искористен R nineT модел.

Мотоциклот има нова алуминиумска школка во која се наоѓа резервоарот за гориво кој собира 12 литри гориво. Електрониката е интергрирана во оклопот а има и ретро менувач. Не ви е потребен клуч за да го стартувате мотоциклот.

NMoto BMW concept txt 2 09 05

Воздушната кутија е отстранета и заменета со пар на филтри а издувот е рачно изработен. Мотоциклот има единечно седиште кое е прилагодливо а исто така ја има и стандардната електроника, вклучувјќи ги ABS сопирачките.

Ако сакате во живо да ја видите „Nostalgia“ тоа ќе можете да го сторите во Villa Erba Concorso di Motocicletta, Италија помеѓу 25-26 мај, Wheels & Waves, Франција, во периодот помеѓу 13 – 16 јуни и деновите на BMW во Германија кои се одржуваат во јули.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.