Bimota, која неодамна беше купена од страна на Kawasaki, само што го претстави моделот TESI H2.  Еве неколку фотографии и детали од оваа машина.

Долг период имаше најави дека Kawasaki ќе ја купи Италијанската компанија Bimota.  Сега сето тоа заврши со преtставувањето на supercharged TESI H2. Како што сугерира и неговото име, TESI H2 го има 998cc supercharged Kawasaki H2 моторот а исто така има и двојна шасија.

Bimota Kawasaki txt 1 08 11

Кога сме кај шасијата, станува збор за сериозен инжинерски потфат. Предната суспензија може да се придвижи во комплетно различен правец. Благодарение на овој систем, при нагло сопирање , основата на мотоциклот останува во истата позиција бидејќи вилушката не се навалува нанапред. Ова обезбедува поголема стабилност.

Bimota Kawasaki txt 2 08 11

Се уште ги немаме сите податоци во однос на моќноста. Сепак, можеме да се обложиме дека ќе има помеѓу 240 и 300 коњски сили. Но без разлика на тоа колкава моќност ќе има мотоциклот, самиот негов изглед ќе ве натера да штедите за да го купите. Но со оглед на CNC алуминиумските делови, електронската суспензија од Ohlins  како и многуте делови направени од јаглеродни влакна, можеби ќе ви треба повеќе време додека да ја соберете целата сума.

Bimota Kawasaki txt 3 08 11

TESI H2 ќе биде произведен во ограничен број а на пазарот во Велика Британија ќе се појави во јуни следната година.

Какви се вашите коментари за на Bimota/Kawasaki TESI H2 ?

Back To Top