Со природна и релаксирана ергономија која нуди голем избор на различни позиции за возење, новиот Yamaha MT-10 е разновиден мотоцикл кој истовремено е агилен и многу моќен. MT-10 е одличен мотоцикл кој може да се прилагоди на сите ваши потреби.

Со природна и релаксирана ергономија која нуди голем избор на различни позиции за возење, новиот Yamaha MT-10 е разновиден мотоцикл кој истовремено е агилен и многу моќен. MT-10 е одличен мотоцикл кој може да се прилагоди на сите ваши потреби.

Јапонската компанија продолжува да се развива и во 2017 година ни ја претстави Yamaha MT-10 туринг верзијата. Високото ветробранско стакло како и штитниците за раце ви овозможуваат подолго и посигурно возење а дизајнот на седиштето ви овозможува голема конфорност.

mt10 tourer 5

Мотоциклот има поголеми странични куфери за вашиот багаж. Тој има „GPS“ уред а како додатна опција може да се приклучи и „TomTom“ сателитската навигација.

Сите овие додатоци и претходно им беа достапни на сопствениците на ваквите мотоцикли и многу повеќе ќе заштедите во овој случај отколку да ги купувате деловите секој посебно.

Yahama и TomTom заедно го нудат и „TomTom Rider 410“ по цена од 199 евра но само за сопствениците на MT-10 туринг верзијата.

Специјалната туринг ориентирана опрема го прави овој мотцикл уште поразновиден, пофункционален и способен да помине големо растојание при висока брзина. MT-10 има мотор кој е директно развиен од 998 cc inline-4 crossplane моторот кој го има кај YZF-R1 и доаѓа заедно со контрола на тракцијата, контрола на движењето, ABS сопирачки, прилагодлива суспензија и уште многу други работи.

Back To Top