Мотоцикли

Пристигнува нова Honda Monkey

Со оглед на тоа дека производството на Honda Grom е веќе при крај, Honda Monkey 2018 е конечно подготвен да се појави на пазарот.

Следете нè на:

 

Кога дебитираше Honda Grand, навистина не знаевме што да кажеме за него. Мини мотоцикл наменет за возење на улица. Моделот кој имаше 125cc не беше ништо посебно, а немаше ниту пак некоја голема моќност. Но нам ни се допадна, а претпоставувам исто така и вас.

Но сега откако се засили конкуренцијата со производители како што се Kawasaki и Benelli, Honda мора да се одбрани и да претстави нов модел.

А компанијата тоа ќе го направи со Honda Monkey 2018.

2018 Honda Monkey 18

Веќе подолг период шпекулиравме дали Honda навистина ќе го пушти овој концепт во продажба. А како што предвидовме, тој не беше за сезоната 2016 туку две години подоцна. Со оглед на тоа дека производството на Honda Grom е веќе при крај, Honda Monkey 2018 е конечно подготвен да се појави на пазарот.

Овој мотоцикл е изграден врз основа на популарноста на моделот Grom но додаден му е ретро стил.  Како што можете да видите според спецификациите, тој не е премногу различен од Honda Grom. Неговата моќност изнесува 9.25hp и тежи 107 килограми. Со 4 литри бензин можете да поминете 250 километри.

Тој има LED светла но нема LCD екран, а на сопирачките им помага IMU системот кој спречува кревање на задното тркало.

Тука завршува технологијата кај овој мотоцикл, а сите останати промени им одаваат почит на машините од седумдесетите години на минатиот век.

Засега знаеме само дека Honda Monkey ќе се појави на пазарот во Европа, неговата цена треба да изнесува помеѓу 4 и 5 илјади евра, станете со нас за да дознаете дали ќе биде достапен во Македонија и која ќе биде неговата цена.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.