E-SPEED urban mobility, концепт претставен на мотошоуто во Токио

ktm-el1

E-SPEED urban mobility, концепт претставен на мотошоуто во Токио

KTM го претстави новиот скутер кој има нула емисија на гасови наречен E-Speed на Токиското мотошоу. Врз основа на истата технологија која го придвижува Freeride E, скутерот E-Speed е наменет за урбаниот пазар.

Од KTM тврдат дека E-Speed  е спортски мотор, а неговите броеви го потврдуваат тоа: прототипот произведува 11KW и може да достигне брзина и до 85км/ч, а агрегатот се лади со помош на течност. E-Speed се движи со помош на каиш.

ktm-el3

Електричната енергија се складира во Литиумска батерија која има капацитет од 4.36kWh. Наводно, тие можат да бидат полни за два часа доколку користите регуларен штекер.

Австријците исто така сакаат да ги истакнат и нивната најновата хибридна челична рамка и WP елементите за суспензија, чија цел е да ги подобрат перформансите на E-Speed.

„Ние од KTM сме целосно убедени дека електричната мобилност е одлично надополнување на традиционалните мотори. На долг рок, електричниот погон ќе биде одличен за кратки растојанија-посебно во области кои се многу чувствителни од еколошки аспект, како возење во природа или густо населени метрополи“ изјави Стефан Пиерер, извршниот директор на KTM.

ktm-el4

„Возилата како E-Speed и FREERIDE E можат да им помогнат и на останатите електрични мотори да бидат прифатени во општеството. Не само поради тоа што ја заштитуваат животната средина туку и бидејќи лесно се користат и се одлична забава.“

Сеуште не се знае која ќе биде неговата цена ниту пак кога ќе биде пуштен во продажба, но со оглед на тоа дека и Freeride E сеуште не е во продажба, се прашуваме дали некогаш ќе имаме можност да го видиме овој мотор во продавниците на KTM.

Back To Top