Мотоцикли

Прв преглед: 2021 Triumph Speed Triple 1200 RS

Постојат одреден вид на возачи кои сакаат голема моќност кај полесни мотоцикли и доволно технологија за да се справат со сите предизвици кои ќе се појават пред нив.

Следете нè на:

 

Постојат одреден вид на возачи кои сакаат голема моќност кај полесни мотоцикли и доволно технологија за да се справат со сите предизвици кои ќе се појават пред нив.

Мотоциклот мора да биде брз, но пред се корисен. Новиот Speed Triple 1200 RS на Triumph е одговорот за ваквите возачи. Ајде да ја погледнеме најновата машина која доаѓа од Хинкли.

Прво, Triumph веднаш откри дека Speed Triple 1200 RS ќе биде единствениот Speed Triple засега и дека нема да има ниту R, S или пак било која друга верзија.

„Во разговор со клиентите дојдовме до заклучок дека тие ги бараат сите работи кои ги има RS“, вели Мајлс Перкинс, директор за глобален маркетинг во Triumph. „Мислам дека Triumph ги препозна навиките на потрошувачите дека го сакаат само најдоброто.“

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 1

За време на претставувањето, од компанијата соопштија дека голем дел од конкурентите на Speed Triple изгледаат како „компромисни спортски мотоцикли“ додека пак Speed Triple нуди нешто различно бидејќи првично е дизајниран за возење по улица. Геометријата на шасијата, пренос на моќта, ергономија и уште неколку други работи се намерно направени кај новиот 1200. Шефот на одделот за инжинеринг, Стјуарт Вуд, вели дека поголемата моќност не го нарушува балансот на Speed Triple бидејќи тие направиле целосно нов мотоцикл наместо да подобрат некој веќе постоечки дизајн.

„Го имате истото чуство како да ја возите претходната верзија на Speed Triple но има и нешто повеќе. Кај овој мотоцикл не ги гледавме само перформансите“, вели Вуд.

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 2

Целосно нов мотор

Од компанијата велат дека нивниот „1,160 cc triple“ мотор е нов во секој поглед. Тој е полесен од претходната верзија и има 177 коњски сили. Црвената линија е за 650 rpm повисока а и бројот на вртежи е зголемен на 92 foot-pounds при 9,000 rpm. Издувот е префрлен и сега се наоѓа на традиционалната, десна страна на мотоциклот.

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 3

Подобрени се клиповите и квачилото. Од компанијата велат дека оваа верзија е најмоќниот и најдобар Speed Triple кој некогаш бил создаден. Исто така тој е и најлесен а неговата тежина изнесува 197 килограми. Тоа сигурно ќе им се допадне на сите нивни фанови.

Технологија

Speed Triple има и нов, пет инчен, TFT екран преку кој имате приспат до системот „My Triumph“. Исто така има и quickshifter, IMU, ABS, контрола на тракцијата, контрола на предното тркало, контрола на патувањето како и пет режими на возење.

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 5

Шасија и рамка

Новиот Speed Triple намерно е дизајниран да има помала тежина и димензии. Резервоарот е потесен а седиштето е подолго. Висината на седиштето изнесува 83 сантиметри.

Суспензијата е целосно прилагодлива со Öhlins’ 43 mm NIX30 превртена вилушка како и TTX36 twin tube monoshock. За сопирањето се грижи Brembo а машината е опремена со 320mm дискови. Пневматиците се Metzeler RACETEC RR.

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 6

„Сакаме возачите да се чуствуваат природно додека го возат мотоциклот. Кога возите до самиот максимум, воопшто нема да го забележите присуството на ABS сопирачките иако тие се таму.“

Изглед

Оваа машина е компактна, агресивна и достапна во сива или црна боја. RS има амортизер изработен од карбон како и 17 инчни тркала. Целокупниот дизајн е компактен благодарение на централизираните напори на Triumph.

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 7

Уште од првото појавување на линијата во 1994 година, Triumph продаде повеќе од 100 илјади примероци од Speed Triple.

Препорачаната цена на Speed Triple 1200 RS изнесува 15.000 евра а новиот мотоцикл почнувајќи од март ќе биде достапен во две бои, Sapphire Black и Matte Silver Ice.

2021 Triumph Speed Triple 1200 RS 8

2021 TRIUMPH SPEED TRIPLE RS
Price (MSRP)
$18,300
Engine
1,160 cc, liquid-cooled triple
Transmission,
final drive
Six-speed, chain
Claimed horsepower
177 horsepower @ 10,750 rpm
Claimed torque
92 foot-pounds @ 9,000 rpm
Frame
Aluminum twin-spar
Front suspension
Öhlins NIX30, 43 mm fork, adjustable for preload, rebound, and compression damping; 4.7 inches of travel
Rear suspension
Öhlins TTX36 twin tube, adjustable for preload, rebound, and compression damping; 4.7 inches of travel
Front brake
Dual Brembo Stylema monobloc calipers, 320 mm discs, ABS
Rear brake
Brembo twin-piston caliper, 220 mm disc, ABS
Rake, trail
23.9 degrees, 4.1 inches
Wheelbase
56.9 inches
Seat height
32.7 inches
Fuel capacity
4.1 gallons
Tires
Metzeler RACETEC RR, 120/70ZR17 front, 190/55ZR17 rear
Claimed weight
437 pounds (wet)
Available
Late March 2021
Warranty
24 months

Би можело да ве интересира

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

MV Agusta објави подобрена верзија на популарниот Superveloce retro спортски мотоцикл како и целосно нов S модел.

МотоГП возачите Џек Милер и Икер Лекуона заминаа на операција поради проблемите кои им се појавија по завршувањето на трките во Катар.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.