Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл. Неколку наши колеги сепак решија да ги забрзаат работите и да откријат нови работи. Белгиската интернет страна MaxxMoto наиде на неколку слики од 2020 Kawasaki ZH2 и ни откри како ќе изгледа овој мотоцикл.

Сликите очигледно се од Kawasaki ZH2 со оглед на тоа дека светлата и шасијата се совпаѓаат со оние кои веќе ги имаме видено во промотивното видео кое го објави компанијата. Мораме да признаеме дека Kawasaki ZH2 многу наликува на Kawasaki Z1000.

Сепак има и неколку разлики меѓу двата мотоцикли. Кај ZH2 екранот е прилично висок а секако тука се и аеродинамичните додатоци кои ги има по страничните делови на мотоциклот. На фотографиите можеме да ја видиме и црвената челична рамка.

Се чини дека Kawasaki ZH2 има двојна задна вилушка, нешто што се разликува во однос на останатите модели од „supercharged“ линијата.

Дали 2020 Kawasaki ZH2 би можел да чини 18 000 евра? Ќе мораме да почекаме уште малку за да ја дознаеме вистинската цена на овој мотоцикл и неговите технички спецификации.

Back To Top