Во последниов период се појавија многу гласини за 2020 Yamaha YZF-R1.

Во последниов период се појавија многу гласини за 2020 Yamaha YZF-R1 а се чини дека Јапонската компанија планира да го престави овој мотоцикл како модел за следната сезона. Но, се уште не е познато што овој мотоцикл ќе има на себе.

Во Европа има голем број на шпекулации за овој нов супербајк, кој би требало да биде опремен со неколку патент апликации на Yamaha.

Нашите извори од фабриката во Ивата денеска ни открија неколку работи, дел од нив добри а дел лоши.

Според досегашните информации, 2020 Yamaha YZF-R1 ќе има нов четири цилиндричен мотор, нов менувач како и подобрена електроника.

Нашите извори велат дека промените нема да бидат толку драстични и главно ќе бидат фокусирани на Euro5 стандардите. Поради тоа, се очекува надворешниот изглед на мотоциклот да претрпи промена, ќе има промени кај моторот но и кај воздушната кутија.

the yzf r1 60th anniversary edition intended for 2020 yamaha r1 model

Ова би требало да значи дека 2020 Yamaha YZF-R1 ќе биде на некој начин еволуција наместо револуција на актуелниот R1 дизајн. Yamaha смета дека актуелниот R1 се уште е далеку подобар од останатите мотоцикли кои се дел од оваа линија и дека не е потребно целосно нова машина за да се подобри продажбата.

Сепак постои потреба од подобрување на моделот за да биде во согласност со Euro5 правилата кои ќе започнат да се применуваат од 2020 година за новите модели.

Бидејќи Yamaha сака да престави нов мотоцикл за следната година, убедени сме дека тој ќе биде во согласност со строгите правила за емисија на гасови. За многу други брендови тоа ќе значи употреба на VVT, како што веќе видовме неодамна кај новиот BMW S1000RR.

Би било логично Yamaha да ги следи останатите компании, но ќе мораме да почекаме за да добиеме официјална потврда и да откриеме со што ќе не изненади компанијата.

Back To Top