Мотоцикли

Сега можете да имате KTM RC16 MotoGP тркачки мотоцикл

Кога KTM RC16 проектот за прв пат беше најавен, извршниот директор на компанијата, Стефан Пиерер, изјави дека еден ден во продажба ќе се најде и продукциската верзија на овој модел. Денеска не е тој ден, но тоа ќе се случи многу скоро.

Следете нè на:

 

Тоа е така бидејќи KTM ќе направи да бидат достапни два поранешни MotoGP тркачки мотоцикли.  Тие нема да бидат воопшто евтини и ќе ви требаат околу 250 000 евра доколку сакате да купите еден ваков мотоцикл.

За оваа сума добивате и голем број на додатоци меѓу кои се целосна тркачка опрема која ја носи Пол Еспаргаро (облека, чизми, ракавици), како и кацига на која ќе има специјална посвета.

Исто така еден викенд ќе имате можност да бидете дел од Red Bull KTM фабричкиот тим (вие ќе можете да одберете на која трка ќе биде тоа) што подразбира прошетка низ гаражата, како и средба со Пол Еспаргаро и Јохан Зарко.

Доколку ги погледнеме сите овие работи тогаш цената е навистина разумна (доколку може да се каже нешто такво за оваа сума). Еден ваков викенд патување, вклучувајќи ја тука и тркачката опрема која ви следува, изнесува некаде околу 10 000 евра. А плус тука го добивате и мотоциклот.

Се верува дека MotoGP мотоциклите на Ducati  чинат многу повеќе, а само еден ваков модел на Honda изнесува 188 000 евра.

KTM RC16 for sale 01

Иако не е дозволено со KTM RC16 да возите на улица, а нема ниту некое шампионско педигре, сепак ова е одлична можност за тркачките ентузијасти.

Сека е вистинскиот момент уште еднаш да размислите дали вреди вашите деца да одат на факултет или пак дали навистина сакате да се пензионирате кога ќе имате 65 години. Сопственоста на објект за живеење е преценета, можете да преживеете и со еден бубрег.  Животот е краток и слободно можете да направите лоши избори.

За првични информации, заинтересираните купувачи може да се обратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Би можело да ве интересира

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.