Во 2018 година имаше голем број на интересни мотоцикли кои се појавија на пазарот. Некои од нив беа сосема нови а некои пак беа подобрени верзии на веќе актуелни модели. Иако имаме навистина добро мислење за моделите како што се Norton Atlas, BMW S1000RR и Aprilia RS 660, некои мотоцикли ни го привлекоа вниманието со тоа што беа сосема неочекувани, технолошки напредни и едноставно луди.

Arc Vector

arc vector 1

Британската компанија Arc, го претстави својот најнов модел за кој велат дека е најдобриот електричен мотоцикл на светот.  Тој има цена од 90 илјади фунти а од компанијата велат дека мотоциклот има 133bhp и 292ftlb кои доаѓаат од батеријата која има 399 волти. Она што е уште поважно за ваквите мотоцикли, кај овој модел со едно полнење на батеријата ќе може да помине 362 милји а за целосно да се наполни батеријата ќе бидат потребни само 45 минути.

Овој модел исто така има интересни додатоци како што е кацигата на која има дисплеј и преку која ќе можете да го стартувате мотоциклот.

Arch Method 143

arc method 143

Познатиот актер Киану Ривс се појавува со овој бренд на пазарот во Велика Британија со верзијата KRGT-1. Планот е Method 143 да се појави следната година. Оваа верзија, колку што е мотоцикл толку е и уметност. Опремен е со Ohlins FGRT вилушка и со тркала изработени од јаглеродни влакна. За моќноста се грижи 2343cc V-twin моторот.

Allen Millyard Honda RC174 реплика

allen honda rc174

Рачниот изработувач на мотоцикли и инжинер, Ален Милиард не сакаше да дозволи цената од 500 илјади фунти да стои помеѓу него и Honda RC174. Кога веќе не можеше да си дозволи да купи еден ваков модел, тогаш одлучи да го направи. Користејќи комбинација на прилагодливи делови како и на рачно изработени компоненти, Милиард изгради реплика на ‘Honda Six’. Крајниот резултат е многу близок со оригиналот и можете да го добиете без да мора да потрошите половина милион фунти.

Harley-Davidson Pan America

harley davidson pan america

2018 беше голема година за Harley-Davidson. Компанијата објави целосно нова линија на мотоцикли меѓу кој е и првиот авантуристички модел на Американската фирма, Pan America.

Многумина се со поделено мислење во однос на изгледот, но концептот за ваков мотоцикл веќе постои. Сепак, оваа верзија е опремена со нов 1250cc V-twin мотор, нова рамка и задна вилушка, Brembo сопирачки и Showa суспензија.

Honda CB125 концепти

honda cb125 concepts

Последниот мотоцикл кој се приклучи на ретро линијата на Honda е CB125R а поради се поголемата побарувачка за вакви модели на Европскиот пазар, Јапонскиот производител за време на EICMA шоуто во Милано претстави два нови концепти.

Развиен од страна на R&D центарот на Honda во Рим, CB125X авантуристичкиот модел и CB125M уличната верзија се футуристички, агресивни машини. Иако засега се само концепти во 2020 година би можеле да видиме некои модели кои многу наликуваат на нив.

Horex VR6 RAW

horex vr6 raw

Не му дозволувајте на класичниот, соголен стил да ве излаже. Horex VR6 RAW е навистина неверојатен.  Тој е опремен со V6 мотор кој има три вентили на секој цилиндар и произведува 161 bhp. Цената е уште поневеројатна и изнесува 31,500 фунти. Сепак, во моментов во Велика Британија нема продавници кои го нудат овој модел.

Peugeot PX2 café racer концепт

peugeot px2 cafe racer

Помина долго време откако Peugeot последен пат на пазарот се појави со добар мотоцикл но за време на мото шоуто во Париз тие прикажаа два нови концепти. P2X беше прикажан во два формата, 125cc и 300cc. Првата верзија наликува на моделот Peugeot 515 од триесетите години на минатиот век. Верзијата 300cc е café racer опремен со голем број на додатоци.

Shaw Harley-Davidson Gobstopper

shaw harley davidson gobstopper

Воопшто нема да се изненадите кога ќе дознаете дека Gobstopper е уникатен. Креиран од страна на Shaw Harley-Davidson заедно со уметникот Грејсон Пери, овој модел беше дел од 2018 AMD Светскиот Шампионат на рачно изработени мотоцикли.

Gobstopper се базира на 2007 Softail Nightrain а Нил Сефтон, главен техничар во Speed Shop работеше заедно со Грејсон Пери за сето ова да стане реалност.

„Нил го креираше овој модел со тоа што ги извади сите работи од оригиналната верзија. Потоа тој направи посебен резервоар за гориво, ја модификуваше задната вилушка како и висината на седиштето. Предниот дел на мотоциклот е опремен со сет на нови Springer вилушки и 23 инчно тркало. Бојата е исто така специјална и на неа беа потрошени голем број на часови со цел мотоциклот да добие на длабочина и детали“ , вели Стивен Вилис, директор за продажба во Shaw.

Zapp i300 scooter

zapp i300 scooter

Zapp i300 е вториот електричен скутер кој се појавува на оваа листа. Наменет исклучиво за возење по улица, овој скутер кој има тежина од 90 килограми е опремен со батерии кои лесно се отстрануваат за да се наполнат. Од 0 до 30 милји на час развива за 2.4 секунди и има футуристички дизајн.

Свин Чатсуван, извршиот директор на Zapp вели: „Со оглед на тоа дека се полош станува квалитетот на воздухот во големите градови, сметаме дека е потребна нова алтернатива на урбаниот транспорт. Со неговиот резолуционерен дизајн, беспрекорни перформанси и чист извор на енергија, веруваме дека i300 е решението за полесна урбана мобилност. “

Back To Top