На специјален настан кој се одржа на патеката во Силверстоун, официјално деби имаше Triumph Daytona Moto2 765.

Triumph Daytona Moto2 765 имаше официјално деби на специјален настан кој се одржа на патеката во Силверстоун. Тоа значи дека конечно имаме информации и фотографии од Moto2 тркачката платформа, од која пак ќе бидат произведени само 1530 примероци (од нив 765 ќе се најдат на пазарот во САД).

Секако, она што нас не интересира се спецификациите на оваа машина. Моторот кој има 128 коњски сили има 12,250 rpm како и 59 lbs. Од компанијата се уште немаат објавено колкава е тежината на мотоциклот.

Triumph Daytona Moto2 765 txt 26 08

Каросеријата изработена од јаглеродни влакна е одлично надополнување на целиот пакет. Тука исто така е и суспензијата од Öhlins (NIX30 вилушки и TTX36 амортизери), сопирачките од Brembo како и нов издув.

Но она што е најимпресивно кај Daytona Moto2 765 е три цилиндричниот мотор кој доаѓа од Street Triple 765 RS. На моторот му се додадени нови клипови како и уште неколку други делови со што за 600 rpm е зголемен бројотна вртежи (сега вкупно изнесува 13,250rpm).

Сите работи заедно ги држи алуминиумската шасија која е полесна во споредба со онаа која ја има кај претходните верзии.

Мотоциклот ќе биде достапен на почетокот на 2020 година а во моментов се уште не е позната неговата цена.

Back To Top