Откако ги поднесоа патентите, можеме да очекуваме на пазарот да се појават голем број на YZF-R модели кои ќе имаат различен капацитет на моторот.

Yamaha поднесе неколку патенти за YZF-R, вклучувајќи го секој број од 1 до 9 како и 15, 20 и 25. Целата листа на патенти која ја поднесе Yamaha во фебруари ги вклучува: YZF-R1, YZF-R2, YZF-R3, YZF-R4, YZF-R5, YZF-R6, YZF-R7, YZF-R8, YZF-R9, YZF-R10, YZF-R15 и YZF-R25.

Дел од листата исто така се и R1, R2, R3…, јасно ви е за што зборуваме.

Секако, голем број од овие YZF-R мотоцикли веќе постојат а патентите ќе се однесуваат на нивната идна употреба и продажба. Како на пример YZF-R15 и R25, двете машини кои веќе се продаваат на пазарите во Азија и кои имаат единечен 150cc и 250cc дво-цилиндричен мотор.

Во Европа сите ги знаеме и сакаме YZF-R1, R3 и R6. А откако беа поднесени документи до комисијата за заштита од штетни гасови, има најава дека наскоро на пазарот ќе се појави и R7 кој ќе го дели моторот со MT-07.

Успеавме да дојдеме до листата на патенти кои се поднесени.

tabela yamaha newModels

На некои од вас можеби ќе им бидат слични новиот и подобрен MT-09 со YZF-R9 верзијата, но Yamaha има јасна цел а тоа е максимално да го искористи нивниот CP3 triple-cylinder 890cc. Можеби ќе видиме и враќање на R6, кој поради строгите ограничувања за емисии на штетни гасови, сега е дозволен за возење само на тркачка патека.

Наскоро ќе имаме голем број на нови YZF-R модели?

yamaha txt 2

Некои сметаат дека Yamaha се одлучила на ваков чекор со цел да спречи да се појават копии на пазарот. Но колку што јас сум запознаен, Јапонските патенти мораат да бидат реално направени бидејќи ако не се креирани, после одреден период, патентот може да биде искористен од некој друг.

Но без разлика што и да се случи, се надевам дека наскоро на пазарот ќе видиме 12 нови и подобрени спортски мотоцикли во кои ќе можеме да уживаме.

Back To Top