Yamaha денеска го најави новиот спорт туринг мотор во својата гама - Yamaha Tracer 700

Се работи за долгочекувана варијанта на веќе постоечкиот и најпродаван модел Yamaha MT07, но од сега веќе достапен и во туринг варијанта под назив Tracer 700.

Имено се работи за концепт кој е веќе применет како и кај појаката варијанта на серијата МТ09, се работи за туринг преработка на постоечката платформа на МТ07, кој воедно како и кај постариот брат (МТ09 Tracer) така и кај овој модел е додаден комплетно нов изглед од напред со ефективна заштита од ветер (преден визир кој се подесува во три нивоа) како на рацете (штитници за раце) така и на градите и нозете (странични оклопи) за возачот, со што е овозможено удобно патување на подолги релации.

2016 YAM MT07TR EU RMB ACT 007 03

Моторот ќе го движи агрегат со зафатнина од 689цц со моќност од 75кс, па тежината од 196кг со сите течности нема да претставува никаков проблем. Првите количини од овој модел ќе бидат достапни во Мото Азуро, увозникот на Јамаха за Македонија, кон средината на месец Јуни 2016, а малопродажната цена на овој модел за Македонија ќе ја објавиме наскоро...

Back To Top