Интересен, Фински електричен мотоцикл ги има последните тестови пред да се најде во продажба на почетокот на 2020 година.

RMK E2 има уникатно задно тркало. Тоа добива напојување со помош на три кабли кои пак и помогнаа на фирмата овој мотоцикл да има тежина од 200 килограми. Компанијата тврди дека мотоциклот има 67bhp и може да достигне брзина од 169 километри на час.

Од таму велат и дека со едно полнење ќе можете да поминете помеѓу 190 и 250 километри а за само два часа ќе наполните 80 проценти од батеријата.

RMK E2 txt 3 13 08

Интересен е самиот дизајн на задното тркало а додека притискате на сопирачката, во исто време се полни и батеријата на мотоциклот. На левата трана на рачките се наоѓа задната сопирачка додека пак на десната страна е кочницата за предното тркало кое има двојни дискови.

RMK E2 исто така има модерен дизајн и најнови дигитални инструменти меѓу кои е и вградената навигација.

Мотоциклот чини 24 000 евра и веќе можете да го нарачате. Очекуваме во ноември да се појави на мото шоуто во Милано. Од компанијата велат дека до 2025 година очекуваат да произведуваат по 4000 примероци годишно.

Back To Top