Денеска и официјално беше потврдено дека Пол Еспергаро ќе му прави друштво на Марк Маркез во тимот на Хонда во 2021 година, а веднаш потоа следуваше и соопштението од тимот на LCR Honda во кое потврдија дека Алекс Маркез ќе биде нивни возач следната сезона.

Недоумицата дали Такааги Накагами или Крачлоу ќе остане без место во тимот за кратко беше разрешена откако тимот соопшти дека сака да му се заблагодари на Кал Крачлоу за целиот ангажман откако му се приклучи на тимот во 2015 година. Тимот му се заблагодари и за трите победи и 12 подиуми, но фактот е дека Британецот сепак остана без место во Хонда.

 DSC2948

Со ова Кал Крачлоу останува без место во МотоГП гридот за следната сезона, но опциите се уште се на маса, познато е дека Априлија активно бара возач, а имајќи во предвид дека тој е единствениот Британец во гридот Дорна сигурно дека нема да дозволи да го загуби со оглед на тоа што БТ Спорт е еден од главните медиа партнери на шампионатот.

Во текот на денот се огласи и самиот Крачлоу кој на твитер напиша „Работите се движат во позитивна насока за да продолжам со трките. Мојата приказна во МотоГП не е завршена.“

Се очекува деновиве официјално да се дознае новиот тим на Британецот.

Back To Top