motori bautista-lorenzoАлваро Баутиста му се извини на Лоренцо за падот во првиот свиок на трката за ГН на Холандија која вчера се возеше на патеката Асен. 

bautista-lorenzo

Алваро Баутиста му се извини на Лоренцо за падот во првиот свиок на трката за ГН на Холандија која вчера се возеше на патеката Асен. Баутиста притоа му се извини и на својот тим Хонда Гресини заради грешката која го чинеше вредни бодови. Да потсетиме, Баутиста стартуваше од осмата позиција и влезе во првиот свиок од внатрешната страна но притоа ја пропушти точката на кочење и заради пролизгувањето на предното тркало при падот со себе го собра недолжниот Лоренцо.

Следниот викенд се вози трката за Германското ГрандПри, а Баутиста е казнет од надлежните лица со старт од последната позиција што дополнително ја отежнува ситуацијата за него. 

„Го следев задното тркало на Довициозо, за жал започнав со кочење подоцна од потребното и доживеав лоусајд. Навистина ми е жал за она што се случи, посебно затоа што притоа го собрав Лоренцо, а тоа беше последната работа која сакав да се случи. Неговиот пад е само моја грешка и јас длабоко му се извинувам за тоа. Се надевам дека повеќе никогаш нема да се случи нешто вакво. Би сакал да му се извинам и на мојот тим бидејќи работеа навистина напорно за оваа трка и наместо да имаме одличен резултат, викендов останавме без бодови.“

Back To Top