После една тешка година во MotoGP за Aprilia, фабриката која доаѓа од Ноале планира да направи промени во тркачкиот оддел.

Актуелниот шеф на тркачкиот сегмент, Романо Албесиано во иднина повеќе ќе се фокусира на техничкиот дел од тркачката програма а Масимо Ривола, кој е поранешен шеф во Формула 1 тимот на Ferrari и главен на нивната тркачка академија, ќе го преземе водечкото место во Aprilia Racing.

Ваквиот потег се должи на тешкотиите со кои се соочи Aprilia откако се врати во MotoGP.

aprilia masimo rivola 2

Романо Албесиано има големо познавање во инжинерството но тешко се справуваше со управувањето на инжинерскиот и спортскиот оддел на Aprilia Racing. Неколку пати тој дој дојде во судир со првиот човек на Aprilia Gresini, Фаусто Гресини,  во однос на начинот на кој се управува со тимот. Ова дополнително му го одзеде вниманието на Албесиано и тој не беше во можност целосно да се фокусира на развојот на Aprilia RS-GP.

Со назначувањето на Ривола, сега има јасна поделба на одговорностите. Ривола ќе ја надгледува целата организација и сите аспекти на тркањето. Романо Албесиано е назначен за технички директор и ќе го надгледува инжинерскиот и техничкиот оддел на MotoGP проектот. Во меѓувреме, Фаусто Гресини ќе се фокусира на менаџирањето на MotoGP тимот како и Gresini Moto2 и Moto3 екипите.

Back To Top