MotoGP

Assen го оправда називот - Катедрала на брзината!

Над 100.000 гледачи на денот на трката, уживаа во надмудрувањата во сите 3 класи.

MotoGP 

Обично на подиумот по завршување на трка, барем еден од најдобрите тројца знае да биде незадоволен од резултатот сметајќи дека можел или заслужувал да заврши на повисоко скалило. На овој подиум сите беа пресреќни. Pecco сигурно не можеше повеќе од ова, односно од победата која му дојде како мелем на рана, по очајните неколку трки во кои едноставно од различни причини, не успеваше да ги заврши и изгуби премногу бодови во борбата за титула. Како јаготка на шлагот дојде откажувањето на главниот конкурент Fabio Quartararo, на кој успеа да му надокнади цели 25 бода од предноста која пред трката делуваше недостижна. Но како и секој човек, така и актуелниот шампион, конечно погреши во оваа сезона. Во желбата да се наметне и да посегне по лидерот, во петтиот круг во моментите кога се наоѓаше на третата позиција, по дулеот со Aleix, направи некарактеристична грешка по што ја изгуби контролата над моторот и падна, при тоа собирајќи го и Шпанецот. Не само што си ја уништи својата трка, туку го однесе возачот на Aprilia на 15-тата позиција! Откако се качи на оштетениот мотоцикл, кој додека паѓаше не го испушти од рацете со надеж да не се изгаси моторот за да може да продолжи, почувствува дека нешто не е во ред и се упати кон боксот. На совет на неговиот тимски шеф Diego Gubellini, дека вреди да ја заврши трката дури и како последен со круг заостанување, со надеж да има откажувања на оние пред него, што би му донело некој бод, повторно се упати кон патеката. Иако му фалеа оние аеро крилца на левата страна од моторот, што би му правело проблеми најмногу на правецот, Fabio доживеа ужасен highside во свиок кој го исфрли преку предницата на моторот, што би сугерирало на проблем со сензорите кои му даваат команда на системот за контрола на пролизгувањето. Успеа да се исправи, со прилично болна гримаса и видно раздрман, но сега дефинитивно ја заврши трката. Секој греши, но се се завршува добро ако се има разбирање од двете страни. Дека Fabio не е “прљав” возач докажа кога по трката веднаш се упати кон боксот на Aleix за да се извини, но и приемот на тимот на Aprilia како и насмевската на Espargaro беа доказ за взаемна почит. Нешто што не можеше да го постигне Marc Marquez по многубројните “кошкања” со Rossi. 

dcr66998 0 1.big

Кога сме кај Rossi, покрај неговиот пулен Pecco, на подиумот му се придружи уште еден возач од академијата VR46. Marco Bezzecchi извозе маестрална трка, па успеа да ја искористи високата 4-та стартна позиција како и карамболот на Aleix и Fabio, па по одличнот дуел со Jorge Martin заврши како втор. Со ладна глава ја извозе цела трка без ниту една грешка. Неговиот тимски колега Luca Marini имаше очајна трка (17-та позиција)  кога по стартот беше скоро исфрлен од Mir, кој пак имаше близок контакт со Oliveira додека сопираше по загревачкиот круг. Многу расеани возачи. Очигледно дека им е потребен одморот од 5 недели кој следува по овој викенд. Mir на крајот заврши на 8-мата позиција, што по стартот од 14-та позиција е уште еден доказ за квалитетот на Шпанецот и оправданиот интерес на Honda за користење на неговите услуги за 2023-та. 

Подиумот го заокружи Maverick Vinales со својот прв подиум со италијанскиот тим, но и воедно прв подиум по оној со Yamaha кој го имаше на оваа иста патека пред една година! Се очекуваше овојо резултат по нагорната линија што ја покажуваше Шпанецот во текот на сезоната. Ако успее да продолжи со овој тренд може да се наметне како сериозен играч за следната сезона. Токму истото се случи и во 2013-та кога по проблемите со тимот и прекин на договорот на пола претходна сезона, успеа да се прибере и да ја освои титулата во Moto3. Самодовербата, опуштеноста и фокусираноста можат да направат чуда во овој спорт. 

20 fabio quartararo lg76489 0.big

А кој заврши како четврт? По падот на 15-тата позиција, Aleix возеше како теледиригиран. Максимално посветен, не се ни заврти по контактот со Fabio, ја наведна главата и ги нижеше противниците еден по друг. На крајот направи и еден шампионски потег кога во последната шикана успеа да ги претекне и постариот Binder и Miller кои завршија како петти и шести на крајот. Додека Brad призна дека едноставно не го очекувал Шпанецот, Jack беше малку погласен во критиките, а и веројатно со право затоа што по казната која ја заработи, веќе на втора трка по ред, до моментот успаа да се искачи до четвртото место. Тоа се трките во MotoGP каде отворањето дури и на најмалата врата може да се плати со губење на позиција, или две.

Зад нив заврши Jorge Martin кој на почетокот ја имаше третата позиција, но некако се изгуби во поредокот во моментите кога некаде на половина трка почна да врне, па веројатно тазе оперираната рака беше причина за поголема претпазлливост. Разбирливо.

Како деветти заврши Oliveira кој заедно со Binder успеа да се квалификува во Q2, нешто што не им успеваше на возачите на KTM во претходните 5 трки! 

Alex Rins заврши како 10-ти што е сепак успех ако се земе предвид дека ова е захтевна патека, особено ако возите со скршени коски во десната дланка. Уште еден вреден настап за Шпанецот кој се очекува да се најде во тимот на LCR Honda во следната сезона.

Enea беше следен кој не успеа да напредува повеќе од 11-тата позиција по старт од 15-то место. Едноставно имаше премногу падови во тренинзите и немаше баш можност за правилен сетап за трка. Не баш добар настап во периодот на трансфери.

На крајот од оваа група заврши Јапонецот Nakagami како 12-ти, што може да се цени како добар резултат ако се земат предвид последните 2 катастрофални трки. Воедно и прва Honda, па малку го спаси настапот на Јапонците. Zarco не можеше да продолжи со низата на добри резултати, па по позициите 5,4,3 и 2 тука наместо очекуваната прва позиција заврши на баксузната 13-ка.

Fabio Di Gia не успеа да се снајде на оваа патека и на променливите услови па заврши 14-ти, но сепак пред идниот тимски возач Alex Marquez кој започна да се простува со Honda по веста дека продолжува со Gresini Ducati. Ќе видиме дали ќе се снајде подобро на италијанскиот мотор во приватниот тим.

Yamaha ја наследи Honda во поглед на резултатите од минатат трка во Германија, па заврши со 0 бодови, откако покрај Fabio, трката ја завршија прерано и Franco и Darryn, а најискусниот Dovi заврши надвор од бодови како 16-ти. Зад разочараниот Luca, како 18-ти заврши Stefan Bradl, што за тест возач и ако се земе предвид резултатите на неговите колеги од Honda, е максимумот во моментов. Gardner не можеше подобро од 19-то место и продолжи да се мачи со формата на KTM и неискуството, па веројатно ќе му годи доаѓањето на Pol Espargaro кој е најавен за следната сезона во тимот на Tech3. Ова би значело заминување на Raul Fernandez од францускиот тим, за кој се споменуваше опцијата RNF Aprilia, но и можноста за враќање во Moto2!? Како да дојде прерано во кралската класа каде што притисокот е навистина голем и возраста има важна улога за зрелоста на возачот. Шпанецот ја заврши оваа трка прерано, по болката која ја чувствуваше во дланката на десната рака, како последица на повреда од почетокот на сезоната.

Последено пласиран заврши тест возачот на Aprilia Lorenzo Savadori кој имаше wild card настап.

Можеме слободно да заклучиме дека и покрај подиумот во кој сите уживаа во постигнатиот резултат, сепак трката ја облежа одличниот камбек на Aleix Espargaro кој покажа шампионски менталитет. Дали ќе се круниса на крајот, останува да видиме по паузата и вториот дел од оваа сезона.

Moto2

Во оваа категорија се повеќе се наметнува како сериозен кандидат за титулата Augusto Fernandez кој успеа да се пробие низ поредокот од деветтата позиција до првата позиција и да победи по втор пат во низ. Ако се земе предвид дека главниот конкурент Vietti повторно имаше слаби квалификации, па сепак заврши на одличното 4-то место, додека пак Ai Ogura заврши како втор по фантастичниот пробив откако во еден момент се најде на 15-тото место по проблемите со температурата во пневматиците, резултатот на Шпанецот го доведе на првата позиција во поредокто со исто бодовно салдо како и Италијанот и само еден бод предност пред Јапонецот! Не може да биде потесно од ова. Британецот и полситер Jake Dixon заврши како трет на подиумот и ни покажа уште еднаш на кој начин го облекува комбинезонот со својот механичар, нешто што остана како заштиен знак на возачот на Aspar. Aron Canet ги потроши сите опции за сопирање на крвта од носот по сообраќајната незгода, па конечно се повлече од трка и ќе ја отиде на лекување и санација на повредата. Конечно! Sam Lowes заврши по којзнае кој пат во песокта, по лошиот старт и контактот со Alonso Lopez. 

Moto3

Во најмалата класа славеше Јапонецот Ayumu Sasaki, за првпат во својата кариера, откако лавовски се избори за победата во дуелот со Izan Guevara кој водеше скоро цела трка. На третата позиција заврши неговиот тимски колега Sergio Garcia за уште еден одличен ден за Aspar. Повозрасниот Шпанец успеа да направи чудо стартувајќи од 18-тата позиција и со тоа ја задржи предноста пред тимскиот колега Guevara во генералниот поредок.

Следува долга заслужена пауза како за возачите, така и за сите учесници во караванот на MotoGP. Следната трка е во Silverstone на 07.08.2022, во која актуелниот шампион и лидер во поредокот, Fabio Quartararo, ќе стартува со казна заради контактот со Espargaro.

Би можело да ве интересира

По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.