Џек Милер беше трпелив и профитираше од падот на Маверик Вињалес. На крајот стигна до првиот MotoGP подиум на домашната патека.

Иако не сакаше на овој начин да дојде до првиот MotoGP подиум на домашната патека, Џек Милер сигурно немаше да ја пропушти шансата која му се укажа.  Милер, кој настапи во специјална облека чиј дизајн е инспириран од познатиот Австралиски одметник Нед Кели, на големо задоволство на публиката стигна до третото место. Ова е прво искачување на подиумот на оваа патека за еден Австралиски возач по Кејси Стонер во 2012 година.

Во последните делови од трката тој беше на четвртото место но го искористи падот на Вињалес во свиокот број десет. Возачот на Pramac Ducati вели дека во никој случај немало да ја пропушти шансата која му се укажа да се искачи на подиумот.

„Кога излегов од свиокот број девет видов дека се крена прашина и срцето почна забрзано да ми работи“, вели Милер. „Како што ги поминав последните два свиоци од патеката притиснав до крајот на гаста за да се осигурам дека никој нема да ме претекне. Никогаш не посакувате еден возач да излета надвор од патеката, особено пред самиот крај.“

 DSC5164 copy

Милер вели дека научил многу од претходните настапи на ова патека и одлучил да ги сочува пневматиците за самиот крај. 24 годишниот возач покажа голема зрелост и не се обиде веднаш да ги стигне ривалите кои го претекнуваа. Одлучи да се задржи на стратегијата која ја имаше и таа на крајот му го донесе посакуваниот резултат.

„Одлучив да одам чекор по чекор. Валентино беше многу брз на почеток и направи удобна предност. Но после тоа почна да паѓа надолу на табелата и малку по малку ми се приближуваше. И Ринс ме претекна но после десет круга повторно бевме на истата позиција. “

„Моментот кога ме претекна Пеко беше голема мотивација за мене. Но на крајот успеав да го поминам и него и Довициозо.“

Милер се наоѓа на осмото место во генералниот пласман. На две трки до крајот на сезоната тој заостанува само 12 поени во однос на Валентино Роси кој се наоѓа на една позиција пред него.

Back To Top