„Овој прекар го користиме само една година но веќе стана навистина познат во Малезија“ – Хафиз Сиахрин

Хафиз Сиахрин се надева дека неговата нова KTM MotoGP машина ќе има перформанси исто толку добри како што и изгледа мотоциклот. Во интервјуто кое го имаше на неговата домашна патека во Сепанг, Малезиецот, кој ќе остане дел од Tech3 но ќе премине од Yamaha на KTM, изјави:

„КТМ изгледа навистина секси! Ми се допаѓаат металните и јаглеродни делови. Електрониката и моќноста на моторот е малку поинаква од онаа на Yamaha. Делува поагресивно. “

„Навистина уживам кога сум на мотоциклот но ми треба малку време за подобро да го научам. Не е лесно ниту за тимот бидејќи тие 20 години соработуваа со Yamaha. Не се различни само моторот и електрониката туку и шасијата и суспензијата.“

„Навистина сум среќен што работам со овој тим бидејќи тие навистина сакаат да ми помогнат за полесно да го научам мотоциклот. Заедно работиме навистина напорно а после првите неколку теста, тие заминаа во фабриката во Австрија.“

„Слушнав некои добро работи од мојата екипа и со нетрпение чекам утре повторно да се качам на мотоциклот.“

Siahrin txt 1 01 02 copy

Сиахрин зборуваше и за настапот кој го имаше на трката која се возеше во Малезија минатата година, кога од последното место успеа да дојде до десетата позиција.

„Чуствував силни емоции бидејќи голем број на луѓе од целата земја дојдоа да не гледаат. Си ветив себеси дека морам да имам добар настап и да ги израдувам фановите, спонзорите и мојата фамилија“ , изјави Сахрин.

„Но пред крајот на квалификациите почна да врне. За жал немав доволно искуство за да знам како да се справам со таквите услови кога сум на MotoGP мотоцикл и поради тоа морав да стартувам од последниот ред.“

„Но верував во себе и во мојот тим. Кога се запалија светлата, не знам што се случи и како во првиот свиок успеав да поминам десет или единаесет возачи. Бев многу мотивиран и се обидов да имам добро темпо до крајот на трката.“

„Завршив меѓу најдобрите десет возачи на мојата домашна патека. Тоа беше и мојата цел и затоа имам добри сеќавања од оваа трка.“

„Минатата сезона воопшто не ни очекував дека ќе бидам дел од MotoGP“, вели Сиахрин. „Мојот план беше можеби во 2019 или 2020 година да станам дел од серијата. Но добив порано шанса.За тоа сакам да им се заблагодарам на Дато Разлан и Ерв Поншарал. Не ми се веруваше кога ми кажаа дека ќе бидам MotoGP возач.“

„Потоа, на половина од сезоната, Ерв ми понуди продолжување на договорот и за оваа сезона. Навистина ми е драго што сум дел од ова семејство и ќе дадам се од себе за KTM.“

Siahrin txt 2 01 02 copy

Коментирајќи ја сезоната која престои, Сиахрин вели дека ќе се обиде да освои поени на секоја трка на која ќе настапи.

„Минатата година не можев да го направам тоа. Ќе се обидам да научам од грешките кои ги направив и се надевам дека 2019 година ќе биде поуспешна.“

Сиахрин исто така објаси и зошто вози со бројот 55 и кое е потеклото на неговиот најнов прекар.

„Возам со овој број бидејќи мојот роденден е на 5/5/1994. Исто како и Маркез кој вози со бројот 93, и јас го одбрав 55. Ова е мојот среќен број но тој исто така има и големо значење за мене. “

Иако во минатото тој беше познат под прекарот „ Pescao “ или во превод риба, неодамна на социјалните мрежи почна да го користи #BO55KU.

„Тоа започна минатата година кога тренирав заедно со националниот велосипедски тим. Тие викаа 'Bossku, Bossku' , нешто слично на пријателе. Затоа го вметнав и бројот 55. Овој прекар го користиме само една година но веќе стана навистина познат во Малезија.“

Back To Top