MotoGP

Британската Гран При трка откажана поради лошите услови на патеката

Можеме да ја разбереме вашата конфузија ако ги барате резултатите од Британската Гран При трка. Ние сме во исто време разочарани но и збунети бидејќи трката беше откажана.

Следете нè на:

 

Причината за тоа? Наједноставниот одговор е дождот. Токму така, најочигледната временска состојба која може да се случи на една патека во Англија доведе до прекин на MotoGP шампионатот. Секако, ако барате подетален одговор за откажувањето на трката, тогаш тоа е дека патеката во Силверстоун не можеше да се справи со големата количина на дожд.

Иако неодамна таа доби промена на страничните делови на патеката, сепак поголем дел од возачите за време на викендов се пожалија дека наместо подобрување, има влошување на состојбата. А се чини и дека патеката нема добра дренажа.

repsol honda silverstone rain covers motogp

Бидејќи дождот на патеката правеше голем проблем за врема на сесијата во саботата (Тито Рабат дури и заврши во болница), стана јасно дека тркањето воопшто нема да биде безбедно на такви временски услови.

И покрај тоа што организаторите се обидоа да ја префрлат вината врз тимовите и возачите, јасно беше дека е згрешен целиот проект во однос на поправката на патеката и таа не може да се справи со временските услови кои се многу чести тука.

Најпрво беше одлучено трката да се оддржи во недела со почеток од 11 часот и 15 минути. Иако на почеток тоа ветуваше многу, сепак дождот повторно се појави за време на загревањето на тимовите од Moto3 серијата.

За жал, долждот кој непрекинато врнеше ги разочара илјадниците фанови кои трпеливо чекаа на трибините.

После неколку часовно одложување, Dorna, IRTA, и MotoGP возачите конечно одлучија трката да не се оддржи бидејќи немаше никакви најави дека ќе прекине да врне.

Целата ситуација би била комична да немаше загуба од неколку милиони долари како и големо разочарување на илјадниците ентузијасти кои со нетрпение ја очекуваа трката.

MotoGP шампионатот ќе продолжи за две недели со Гран При трката на Сан Марино.

Би можело да ве интересира

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.