MotoGP

Дали е легален аеродинамичниот додаток на Ducati?

Во моментов се разгледува победата на Андреа Довициозо на првата трка од новата MotoGP сезона.

Следете нè на:

 

Во моментов се разгледува победата на Андреа Довициозо на првата трка од новата MotoGP сезона.

Довициозо за време на трката ги користеше аеродинамичните додатоци, истите оние кои претходно ги употреби неговиот тимски колега, Данило Петручи на тестот во Катар. Овие додатоци ги користеше и возачот на Pramac Ducati, Џек Милер, за време на слободниот тест во Катар.

На крајот на трката, Довициозо успеа да победи со разлика од само 0,023 секунди во однос на второпласираниот Марк Маркез. Разликата меѓу најдобрите пет возачи на табелата изнесуваше само неколку десетинки а ова беше прв пат како Довициозо ги користи овие нови додатоци.

Тоа ти натера четирите фабрики, Aprilia, Honda, KTM и Suzuki да поднесат жалба во која тврдат дека аеродинамичната направа која е закачена за мотоциклот е нелегална.

Ducati Aerodynamic Txt 1 12 03

Откако разговараа со техничкиот директор на MotoGP, стјуардите ги отфрлија забелешките на четирите тима под образложение дека додатокот не ги нарушува правилата.

На ваквата одлука, тимовите веднаш поднесоа жалба која ја имаа подготвено од претходно. Според Шпанскиот новинар Мануел Пецино, тимовите навеле дека и тие би имале голема корист доколку за време на трката го користеле додатокот кој го имаше мотоциклот на Довициозо.

Жалбата сега е испратена до Апелацискиот суд задолжен за MotoGP а одлуката се очекува во следните неколку недели. Освен доколку оваа одлука не биде преиначена, ќе продолжи да важи резултатот кој беше постигнат во Катар. Доколку пак се прифати жалбата, Ducati сигурно ќе поднесе своја преставка до Арбитражниот суд.

Доколку Апелацискиот суд го потврди мислењето на стјуардите, ова прашање ќе се реши засекогаш.

Во неделата навечер, спортскиот директор на Ducati, Паоло Чиабати, објасни зошти тие сметаат дека овој додаток е легален: „Треба на сите да им биде јасно, бидејќи сите производители го добија документот од Дени на 2-ри март. Во него беа наведени правилата во однос на аеродинамиката.“

„Но имаше еден посебен дел каде се наведува дека под одредени услови, можете да користите такви делови. Тие мора да бидат закачени на мотоциклот. Мора да се користат за ладење, заштита од вода и заштита на задното тркало од остатоците кои ги има на патеката. Ние го искористивме за ладење“, изјави Чиабати.

Ова е спротивно на изјавата на Данило Петручи, кој во петокот соопшти: „На телевизија видовме дека неговата намена е да се лади задната гума. Но, тоа не е баш така. Не смеам да ви кажам која е неговата намена бидејќи Џиџи ќе се налути.“

Чиабати изјави дека Ducati не сакале другите тимови да ја знаат вистинската намена на овој додаток бидејќи тие не им откриваат на останатите екипи како функционираат деловите од нивниот мотоцикл.

„Не сакам да го кажам ова, но ние нема зашто на другите тимови да им откриваме како функционира нашиот мотоцикл“, изјави спортскиот директор на Ducati. „ Но, тоа е вистинската намена на овој додаток. “

Според Чиабати, останатите тимови имале осум дена за да поднесат жалба или пак да побараат објаснување од Олдриџ, но се одлучиле на ваков чекор дури откако завршила трката.

„Сите тимови имаа осум дена. Мислам дека ако има некои работи со кои не се сложуваш, веднаш треба да го кажеш тоа. Но никој не стори нешто такво. А се надевам дека сите знаат да читаат. Не знам што повеќе да кажам околу ова.“

„Го имате Дени кој е секогаш достапен. Мислам дека е сомнително што поминаа осум дена а никој не се пожали.“

Чиабати потенцираше и дека разликата со која победи Довициозо беше премногу мала. Како надополнување на тоа дека додатокот на играл премногу голема улога е и фактот дека Данило Петручи заврши на шестата позиција. „Дови победи за 0.023 секунди. Кога се натпреваруваш на ова ниво, се бориш против Honda, против Маркез кој е исклучитеен возач, и секоја стотинка се брои.“

Главното прашање сега е дали овој додаток е легален или не? Во петокот зборував со Дени Олдриџ кој ми потврди дека тој не е во спротивност со правилата. Доколку го прочитате правилникот, ќе забележите дека кај делот за аеродинамика не пишува ништо за додатоците кои се закачени на вилушката или пак кај тркалото.

Еве што пишува во правилникот:

„ MotoGP Aero Body е дефиниран како дел од каросеријата на мотоциклот која е под директно влијание на протокот на воздухот додека мотоциклот се движи напред. Тој се состои од два одделни компоненти, Front Fairing и Front Fender, како што може да се види на дијаграмот. “

Да бидат правилата појасни, правилникот ја има оваа слика.

Ducati Aerodynamic Txt 2 12 03

Ако го споредите ова со фотографијата на Том Морселино, можете да забележите дека Ducati добро го проучиле диаграмот и откриле како може да се искористи. Тие ги имаат монтирано додатоците на долниот дел од предното тркало и имаат закачено спојлер на дното на вилушката.

Во однос на вториот дел, тие можеби добиле инспирација од штитникот за дожд на Yamaha кој го имаше своето деби минатата година.

Бидејќи овие работи не се дел од она што правилникот го нарекува „Aero Body “, Ducati слободно според своја проценка можат да ги монтираат или отстрануваат додатоците. Токму поради оваа причина тие не ги прекршуваат правилата.

Ducati Aerodynamic Txt 3 12 03

Иако додатоцте се легални според правилникот на ФИМ, има една клучна информација која недостасува. Тоа се дополнителните правила кои на 2-ри март беа испратени до тимовите, а кои не беа дастапни на интернет страната на ФИМ.

Но Паоло Чиабати ни кажа дека содржи еден дел во кој експлицитно е соопштено дека е дозволена употребата на додатоци на вилушката се додека тие не обезбедуваат дополнителна моќност а се корисни за ладење или за отстранување на остатоците.

Другите тимови тврдат дека токму тука Ducati ги прекршува правилата. Тие не веруваат дека спојлерот се употребува за ладење.

Според извршниот директор на Aprilia, Масимо Ривола, симулациите кои тие ги направиле покажале дека спојлерот обезбедува поголема моќност на задното тркало, нешто што е забрането споед правилата кои ги објави Дени Олдриџ. Тие дури и му ги покажале податоците од нивната симулација.

Но Ривола вели дека Aprilia и останатите тимови не треба да докажуваат дека додатокот на Ducati е нелегален туку дека Ducati е тој кој што треба да докаже дека нивните додатоци не ги кршат правилата. „На внатрешниот дел од спојлерот имаме три крилца. Ова е класична конфигурација. Зошто им требаат токму три крила“, реторички праша Ривола.

Ducati Aerodynamic Txt 4 12 03

Ривола е скептичен во однос на тврдењето на Ducati дека додатокот се користи исклучиво за ладење. Тоа би имало смисла доколку додатокот го има само на мотоциклите на Данило Петручи и Џек Милер кои се познати по максималното искористување на пневматиците. Но температурата во Катар оваа година беше многу пониска а Андреа Довициозо е 11 килограми полесен отколку неговиот тимски колега. Зошто Ducati би го вметнале додатокот на мотоциклот на Довициозо? Она што поинтересно е тоа што Довициозо се одлучи да настапи со средна задна гума, која во теорија има многу помали шанси да се прегрее.

Од друга страна, Ducati и Дал'Игна воопшто не кријат дека дел од нивниот фокус е и управување со пневматиците како начин да се справат со големата моќност на Desmosedici.

Тоа што спојлерот има некаков аеродинамичен ефект е очигледно. Сепак, тешко е да се каже дали се обезбедува дополнителна моќност се додека не се погледне симулацијата.

Поранешниот шеф на тим од Moto2 серијата, Петер Бом, верува дека деловите работат заедно со цел да се намали турбуленцијата и да се обезбеди добар проток на воздухот.

Но главното прашање е што станува со воздухот кога доаѓа до спојлерот? Дали е возможно тој да е само ефикасен во ладење на пневматиците или пак му дава поголема моќност на задното тркало?

Што би било прекршување на правилата? Без да ги погледнеме правилата кои им беа испратени на тимовите, тешко би можеле да кажеме. Доколку правилата забрануваат употреба да додатоци кои обезбедуваат поголема моќност, тогаш додатокот на Ducati е легален доколку само ако ги лади пневматиците или пак ја намалува турбуленцијата. Доколку пак правилата налагаат додатоците да не смеат да предизвикаат никаков аеродинамичен ефект, тогаш додатокот на Ducati е во спротивност со правилата.

Ducati Aerodynamic Txt 5 12 03

Главната причина за поплаките е да се спречи креативноста и напредокот на Ducati во однос на регулациите кај аеродинамиката, нешто што и самиот Дал'Игна го напомена за време на презентацијата на Ducati. Аеродинамиката, исто како и електрониката е област во која доколку вложите повеќе ќе имате и поголема корист. Тоа пак од друга страна може многу лесно да доведе до голем раст на трошоците.

Протестот на четирите фабрики не е против Андреа Довициозо, изјави Пит Бериер од КТМ. „Се надеваме дека нема да му ја одземат победата на Довициозо“, вели Бериер.

„Тој ја заслужи победата. Исто така и Ducati со оглед на напредокот кој го покажаа. Но сакаме јасни правила бидејќи во иднина, крилцата би можеле да се појават насекаде. “

Ducati ја отвори пандорината кутија откако повторно ги воведоа крилцата. Откако инжинерите добија дозвола да истражуваат, тие преставија голем број на нови идеи и иновации.

Првите луѓе на MotoGP воопшто не мислеа на аеродинамиката кога ги пишуваа правилата за новата сезона. А како и обично, инжинерите успеаа да најдат делови кои можат да се искористат.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.