MotoGP

Дали Маверик Вињалес се подготвува за премин во Ducati ?

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

Следете нè на:

 

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

Првиот човек на Yamaha, вели дека би сакал уште долги години Маверик Вињалес да настапува за нив. Ваквата реакција на Лин Џарвис следува откако во изминативе неколку дена се појавија гласини дека Вињалес би можел да го промени тимот.

Шпанецот премина од Suzuki во Yamaha во 2017 година. На првите пет трки постигна три победи возејќи со YZF-M1. Тој е единствениот возач на Yamaha кој постигнал победа во секоја од последните три сезони.

Сепак, неговата форма е доста променлива. Одредени денови е недостижен за другите возачи но исто така има и денови кога има многу слаб настап.

Но и покрај тоа што беше најуспешен возач на Yamaha минатата сезона, најголемо внимание привлече возачот на сателитскиот тим, дебитантот Фабио Куартараро. Покрај Французинот, вниманието на публиката го привлече и Валентино Роси.

А сега откако возачот на Petronas SRT, Фабио Куартараро, доби можност следната сезона да вози со Yamaha M1 која има фабрички спецификации, постојат гласини дека тој е главен фаворит да премине во фабричката екипа во сезоната 2021. Но во моментов се уште не се знае чие место би можел да го преземе.

 DSC3707 copy copy

Џарвис пак верува дека Вињалес има иднина во тимот без разлика на тоа што ќе се случи со Куартараро и Роси. Вели дека сака тој да остане дел од екипата и во иднина.

„Маверик не ја почна годината баш најдобро. Првите 5-6 трки имаше проблеми и Роси тогаш беше подобар. Но мислам дека промените кои ги направивме во тој период навистина му одговараа.“

„Напредуваше во текот на годината. Дефинитивно му се врати препознатливата форма. Тој е единствениот возач на Yamaha кој победи оваа сезона. Би бил навистина среќен доколку остане во екипата и по завршувањето на сезоната 2021.“

Иако ја заврши сезоната на третото место, тој беше засенет од Куартараро и Роси. Од тројцата возачи, Шпанецот има најголеми шанси да го загуби местото во екипата. Многу зависи од тоа дали Роси ќе го продолжи договорот и ќе продолжи да вози и во 2021 година или пак ќе се пензионира. Иако Вињалес постојано е подобар од Роси, Италијанецот сепак е поголема ѕвезда и тешко е за верување дека ќе биде приморан да го напушти тимот.

Куартараро, од друга страна, е голема надеж во мотоспортот и можно е Yamaha да има големи проблеми да го задржи доколку не му понуди место во фабричкиот тим.

 DSC5377 copy copy

Ако работите продолжат да се одолговлекуваат, Вињалес можеби ќе одбере да премине во друг тим. Иако не е доволно конзистентен, тој сепак е неверојатно брз и ретко прави големи грешки. Сигурно би бил големо засилување за секоја екипа.

Се чини дека најзаинтересирани за неговите услуги се луѓето во Ducati. Но дел од екипата веќе се Андера Довициозо, Данило Петручи, Џек Милер и Пеко Бањаиа а сега за место во тимот ќе се бори и Јохан Зарко.

Доколку пак нема место во Ducati, како опција се јавува и екипата на Suzuki. Јапонската компанија многу напредуваше од периодот кога Вињалес настапуваше за нив.

Во однос на Honda, мали се шансите тој да премине таму се додека дел од екипата е Марк Маркез. Во КТМ пак се чини дека се задоволни од младите возачи кои веќе се дел од тимот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Сите знаевме дека ќе дојде време кога Ducati ќе креира „Superleggera“ верзија на Panigale V4.

Неизвесен настапот на Марк Маркез на првиот MotoGP тест. Актуелниот шампион се уште се опоравува по операцијата на рамото.

Скот Рединг вели дека титулата во BSB шампионатот му ја вратила страста за тркањето и дека сега сака да има одличен настап во Супербајк серијата.

Возачот на Aprilia MotoGP, Андреа Ианоне, кој се уште ја чека конечната одлука откако падна на допинг тестот, вели дека мотоциклизмот е неговиот живот.

Гигантот во производство на облека, Alpinestars, го претстави Tech-Air 5, елек кој има воздушно перниче и кој може да се носи под секоја јакна.

„Со нетрпение чекаме да видиме како ќе се покаже гумата. Очекуваме да се урнат неколку рекорди“, Пиеро Тарамасо, менаџер во Michelin Motorsport.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.