Според најновите информации кои ни доаѓаат од MotoGP, Repsol Honda го одбра Алекс Маркез да настапи покрај неговиот брат Марк во сезоната 2020.

Работите многу брзо се менуваат во MotoGP. Само два дена откако Хорхе Лоренцо соопшти дека ќе се повлече од тркањето,ни пристигна информација дека Repsol Honda го одбрала Алекс Маркез да го преземе неговото место.

Според досегашнте шпекулации, Маркез, Зарко и Кал Кратчлоу беа во игра за нов тимски колега на Марк Маркез. Иако првично Зарко беше фаворит за оваа позиција, се чини дека првите луѓе на Honda го променија мислењето.

Постојат информации и дека Зарко добил понуда да премине во Avintia Ducati но дека веднаш ја одбил ваквата опција.

Според Moto Journal, Маркез е главна цел на Repsol Honda. Moto2 возачот би го откупил договорот кој го има со Marc VDS и веднаш би преминал во фабричката екипа.

Alex Marquez txt 1 18 11

Во моментов сите се прашуваат зошто Honda би потпишала договор со Алекс Маркез? Можеби на крајот ова нема да се оствари, но со оглед на тоа дека за само два дена ги имаме првите пост сезонски тестови, тим како Honda не би оставил долго едно слободно место во тимот.

А причините зошто Маркез би потпишал договор со нив се прилично очигледни. Иако Марк инсистира дека нема никаква врска во изборот на втор возач на тимот(без разлика дали некој верува во ова или не), самото присуство на двајца браќа во еден тим ќе и донесе голема предноста на Honda пред се во однос на маркетингот.

Понатаму, нивната соработка ќе биде беспрекорна а многумина гледаат на Зарко како на еден вид на закана.

„Тоа не е моја одлука и никогаш нема да влијаам на изборот на втор возач“, изјав Маркез. „Тимот ќе одлучи. Тие ќе ја одберат стратегјата, дали ќе се одлучат за возач кој има поголемо искуство или ќе му дадат шанса на некој помлад натпреварувач.“

Но да го ставиме на страна непотизмот, Honda навистина има потреба од помлад возач. Откако ги пропуштија Џек Милер и Франко Морбидели, Honda имаше релативно искусна но и стара постава на возачи.

За разлика од нив, Yamaha ја гледа својата иднина во Куартараро и Морбидели додека пак Ducati ги има Милер и Пеко Бањаиа. Кај Suzuki се Алекс Ринс и Јоан Мир а КТМ може да повика некој од возачите кои ги има во помалите категории.

Разумно е да помислиме и дека Маркез нема вечно да остане во Honda но дали ова би можело да преставува обид да се задржи тоа презиме во тимот долго време откако актуелниот шампион ќе си замине?

Johan Zarko txt 2 18 11

Што значи ова за Јохан Зарко ?

Толку блиску а сепак толку далеку. Пред само два дена иднината на Зарко беше одлична но сега се чини дека работите се променија.

Dorna би сакала тој да остане дел од натпреварувањето а ова би можело да ја објасни и понудата на Avintia Ducati. Но сепак тоа би бил договор со тим кој има послаб мотоцикл.

„Сакам добар мотоцикл и добар тим а според мене Avintia го нема тоа.  Би можел да преминам во Moto2 но во моментов главна цел ми е Honda“, изјави Зарко.

Повеќе информации очекувајте по завршувањето на денешниот тест.

Back To Top