Имаме една добра вест за сите фанови на МотоГП. Дани Педроса доби дозвола за настап од докторите и ќе биде дел од трката која овој викенд ќе се оддржи на патеката во Остин, Тексас.

Откако го скрши зглобот при судирот со Јохан Зарко, Педроса веднаш беше префрлен во Универзитетската болница во Барселона каде што му беше извршена операција.

Иако операцијата помина добро, сепак не знаевме дали Педроса ќе може да настапи на Американската трка. Но денеска за тоа добивме потврда од Repsol Honda и MotoGP.

dani pedrosa argentina gp repsol honda

„После операцијата, од ден на ден се чувствував се подобро,“ изјави Педроса. „Постојано вежбав за да ја вратам подвижноста и за да се намали отокот. Малку по малку ја враќам мускулната маса и тоа ми овозможува да постигнам напредок.“

„Од оваа гледна точка, тешко е да се видат нашите можности. Одиме на една тешка патека и се додека не се качам повторно на мотоциклот, нема да знам точно каква е мојата ситуација. Голема улога во тоа да соберам сила за да настапам на трката во Остин лежи и во поддршката што ја добив и затоа сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржаа.“

Педроса сигурно ќе има добар прием од фановите кои ќе ја следат трката со оглед на тоа дека на три од последните пет трки тој на крајот завршуваше на подиумот.

Но секако, неговиот целокупен настап на трката ќе зависи и од состојбата на неговата зглоб.

Back To Top