Марк имаше извонредна трка по падот што го имаше во петокот. Возеше многу добро и знаеме дека го копирал нашиот сет-ап..

motogp-mugello-2013-42

Марк имаше извонредна трка по падот што го имаше во петокот. Возеше многу добро и знаеме дека го копирал нашиот сет-ап.

Во 2008 година, размената на податоци помеѓу возачите во гаражата на Repsol Honda беше многу ограничена-барем така велеше на времето Казухико Јамано, поранешен тимски директор. Во 2011 година, кога за Honda возеа Педроса, Андреа Довициозо и Кејси Стонер, Шухеи Накамото и Ливио Супо изјавија дека размената на податоци е подобра отколку порано, а Супо исто така додаде и дека „Постојат некои податоци кои се повеќе поврзани со подготовките на мотоциклот и таквиот мотоцикл повеќе ќе му одговара на возачот. Ова понекогаш може да биде предност.“

 Во тим со двајца возачи, првото натпреварувачко правило е да го победите вашиот тимски колега и да се обидете да не откриете никакви тајни, но очигледно Дани Педроса, кој никогаш отворено не се пожалил поради споделувањето на информации, за шпанското радио Каталуња изјави дека Маркез го копирал неговиот сеп – ап, а тоа му овозможило да биде на второто место пред да излета на три круга пред крајот на трката.

„Марк имаше извонредна трка по падот што го имаше во петокот. Возеше многу добро и знаеме дека го копирал нашиот сет-ап. На неговиот тим му ги дадоа сите информации што ги собравме вчера, за да ја подобри тракцијата и да ги направи работите полесни,“ изјави Педроса.

Се чини дека возачот на Honda е малку изморен од тоа што ја прави целата работа, а не добива никакви пофалби за своите напори, и покрај тоа што во моментов е водечки во генералниот пласман. 

Back To Top