Андреа Довициозо не е задоволен од настапот на тестот во Катар откако заврши со 15-то најдобро време. Ги објасни причините за вториот настап со тимскиот колега Данило Петручи.

Андреа Довициозо призна дека не е целосно задоволен од чудниот последен ден од тестот во Катар, кој го заврши со петнаесетто најдобро време. Возачот кој два пати ја завршува сезоната на второто место во генералниот пласман, вели дека силниот ветер, ниските температури и влажноста на воздухот се главните причини зошто варирале условите на патеката. Поради проблеми со предното тркало, тој исто така мораше да ја пропушти тркачката симулација.

„Денеска беше чуден ден“ , изјави Италијанецот. „Чувството не ми беше најдобро. За разлика од вчера, денеска имаше силен ветер. Не можевме докрај да ја завршиме програмата.“

„Многу возачи притискаа за да постигнат што е можно подобро време.Ние немавме добра позиција. Иако не игра голема улога, сепак не сум 100% задоволен. Оваа недела мораме да ги разгледаме резултатите за да бидеме подготвени за настапот во петок. Мислам дека трката ќе биде многу добра за нас. Во моментов тешко е да разбереме до каде се нашите ривали. На прв поглед се чини дека сите се малку подобри.“

„Денеска сите беа брзи, дури и дебитантите. Многу е тешко да го анализираме тестот.“

Doviciozo Txt 17 02

Во однос на возачите за кои се очекува да се борат за титулата, Довициозо се уште е мистерија. Заврши на четвртото место во Сепанг, но не можеше да се справи со темпото кое го имаа Алекс Ринс и Маверик Вињалес.

Дали не се трудел доволно? „Би можел да кажам да, но тоа нема да биде вистина. Искрено не работевме доволно добро за да го подобриме времето по извозен круг, но можам да кажам и дека чувството на мотоциклот не е целосно.“

„Во моментов е навистина невозможно да се разбере конкуренцијата. Однадвор изгледа дека сите имаат напредок. Но тешко е да се разбере. Голем број од дебитантите беа брзи и затоа не можеме да знаеме каков ќе биде нивниот настап за време на трката. Секој мотоцикл изгледа навистина добро. Можеби Ducati малку се издвојуваше но мислам дека тоа не е премногу важно.“

„После тестот во Малезија бев навистина среќен. После овој тест не сум толку задоволен. Мотоциклите на Ducati не беа толку брзи како минатата година. Мислам дека во Катар, влажноста, ветрот и температурата имаат големо влијание врз резултатот.“

„Во поголем дел од случаите тестовите не ја даваат вистинската слика и затоа не треба да бидеме премногу загрижени. Мораме детално да ги анализираме податоците за да бидеме подготвени за трката.“

Во однос на одлуката да има уште еден тест заедно со тимскиот колега Давиде Петручи, Довициозо изјави: „Позитивно е кога симулирате нешто кое можете да го најдете само на трката. Кога само возите кругови, тоа е една работа. Но кога морате да со борите против некој друг, тогаш тоа е сосема различна ситуација.“

„Испробавме и различни пневматици. Затоа вчера подолго се задржавме на патеката бидејќи сакавме да бидеме подготвени за трката. “

Back To Top