MotoGP

Ducati: Четири GP20 мотоцикли на патеката ќе обезбедат фер и позитивна конкуренција

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Следете нè на:

 

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

За прв пат во својата историја , Ducati ќе се појави на патеката со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации а спортскиот директор на тимот, Паоло Чиабати, вели дека тоа ќе биде одлично за возачите но и за самиот развој на мотоциклот.

Неодамна беше решена и иднината на Џек Милер. Pramac Ducati потврди дека тој ќе остане дел од нивниот тим а во сезоната 2020 ќе настапи со Desmosedici GP20.

Во иднина, Милер ќе настапи со мотоцикл кој ги има истите спецификации како и машините на фабричките возачи, Андреа Довициозо и Данило Петручи. И тимскиот колега на Милер, Франческо Бањаиа ќе настапи со најновиот модел.

Ducati се надева дека со тоа што ќе обезбеди повеќе мотоцикли на патеката ќе собере и повеќе повратни информации од возачите, информации кои потоа ќе се искористат за дополнителен развој.Покрај ова, се надеваат и на поголема конкуренција и борба меѓу возачите во тимот.

Ducati 4Places txt 15 08

„Навистина сме среќни што успеавме да постигнеме договор со Pramac Ducati и што ќе можеме Desmosedici GP 20 да им го обезбедиме и на Милер и Пеко“ , изјави Чиабати.

„Ова ќе биде прв пат како Ducati има четири идентични мотоцикли на патеката, два за фабричкиот тим на Ducati и два за Pramac Racing.“

„Тоа ќе ни овозможи да собереме повеќе информации и да го подобриме развојниот процес. Целта ни е да постигнеме уште подобри резултати но во исто време да има фер и позитивна борба меѓу нашите возачи.“

Во однос на договорот на Милер, Чиабати вели дека тоа се должи на постојаниот напредок кој го покажал Австралиецот.

„Среќни сме што Џек ќе биде дел од нашиот тим и следната сезона. Тој покажа голем напредок откако ни се приклучи во 2018 година. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на Pramac за посветеноста која ја покажаа кон Ducati.“

Сега откако Милер го продолжи договорот, останаа уште две слободни места на патеката кои треба и официјално да се пополнат: позицијата на Јоан Зарко во КТМ и Такааки Накагами во LCR Honda. Според информациите, се очекува наскоро Накагами да го продолжи договорот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.