Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Во фабриката на Дукати во Болоња денеска Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо го претставија новиот Ducati Demosedici GP со кој ќе се натпреваруваат оваа сезона.

duc003

Традиционалната црвена и бела комбинација оваа сезона ќе биде заменета со црвена и сива, бои кои мора да признаеме дека одлично му прилегаат на новото Дукати.

Презентацијата на новиот мотор се одржа во Борго Панигале пред присутните спонзори и членови на тимот. Иако се работи само за субтилни промени на мотоциклот сепак вузелните промени и новата боја му даваат уште по агресивен изглед на Дукатито.

duc002

Сепак ова нема да биде конечниот изглед на мотоциклот, ќе има нов аеродинамичен пакет кој ќе ги замени прикажаните крилца, а боите ќе останат исти. Аеро динамиката ќе биде тестирана на пред сезонските тестови или на патеките во Малезија или Тајланд на почетокот од следниот месец по што ќе се добие конечниот лик на мотоциклот.

duc004

Back To Top