Не помина многу време откако последен пат зборувавме за потегот што го направи Романо Фенати на трката која се возеше во Сан Марино.  Само за потсетување, при брзина од 120 милји на час, тој притисна на сопирачката на својот ривал.

Ваквиот потег го осудија сите возачи во серијата. Фенати беше веднаш отпуштен од својот тим, Marinelli Snipers а раскинат му беше и договорот со MV Agusta Moto2 за кој требаше да настапи во сезоната 2019.

Од FIM тој доби казна за настап на две трки, забрана која подоцна беше продолжена до крајот на сезоната. Набргу потоа, Фенати соопшти дека целосно се повлекува од трките и со ова се чинеше дека целата оваа работа е завршена.

Но изгледа дека ваквата одлука не траеше долго откако се појавија гласини дека Фенати ќе се врати на Moto3 трките следната сезона и ќе настапи за Marinelli Snipers. Истиот тим кој го отпушти некаде на почетокот на оваа година.

romano fenati 2

Засега нема официјално потврда за оваа информација но неа ја пренесува и официјалната интернет страна на МotoGP. Можеби серијата само сака да ја испита реакцијата на јавноста пред и официјално да соопшти дали ќе му дозволи враќање во серијата.

Неколку месеци по инцидентот, постои мислење дека тимовите се подготвени да му простат на Фенати и покрај серијата на инциденти кои ги имаше како на патеката така и надвор од неа. Можеби времето кое помина му помогна на Фенати да ја научи лекцијата. Останува времето да покаже.

Back To Top